Гостивар
Нови успеси на Тамара од Гостивар, Гран При и прва награда на музички фестивал во Грција
Младата музичка надеж од Гостивар, Тамара Грујевска уште еднаш ги докажа своите вокални способности и запиша нови успеси на патот на градење на својата пејачка кариера.
Изминатите денови таа настапи на интернационалниот музички фестивал GREECE HOPE festival во градот Нафплион на Пелопонез и ги освои престижните награди Гран При и прво место во многубројна конкуренција со учесници од повеќе земји оценувани од меѓународно жири.
Тамара настапи со песните I See Red и I Have Nothing во две категории поп и рок вокал.
„Прекрасно е чувството да се претставува Македонија на квалитетни интернационални фестивали, ми претставуваше големо задоволство што се вратив со две големи награди. Делегацијата на Македонија ја предводеше Тони Алексовски. Инаку, за фестивалот се подготвував со мојата учителка Андријана Јаневска, а на настапите носев креација на İvaSpasovskaatelier“, изјави Тамара за Gostivarpress.mk.
На фестивалот во Грција учествуваа млади пејачи од земјата домаќин, Македонија, Литванија Молдавија, Романија, Германија, Словенија, Бугарија, Летонија, Чешка, Малта, Србија, Шведска и Франција.
Грујеска најавува дека наскоро ќе лансира нова песна и видео запис.
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 3 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба