Поврзи се со нас

Вести

Нови знаења, пријателства и искуства за учениците од гостиварското техничко училиште

Објавено

на

 

Групата средношколци од гостиварското техничко училиште се вратија од двонеделна посета на Швајцарија, остварена во рамки на проект за интеркултурна размена, со многу позитивни впечатоци и нови искуства. Учениците велат дека престојот во детското село Песталоци им бил незаборавен и поучен. Запознале многу пријатели, стекнале нови знаења, научиле за важноста на толеранцијата и почитувањето на детските права.

„Поминавме многу убаво, стекнавме пријатели, се забавувавме, а преку активностите добивме можност да научиме многу нови нешта во однос на детските права, на различностите во традициите и културата“, вели ученикот Садри Кагули, еден од учениците кои беа во Швајцарија. Со него се сложува и средношколецот Мирослав Маринковски, кој споделува дека искуството било нешто што се памети за цел живот. „Дружбата, начинот на комуникација и пренесувањето на знаењето што го доживеавме таму, е навистина нешто многу вредно“, оценува Мирослав.

Освен едукативните активности предвидени во проектот, учениците имале можност и да прошетаат, да посетат повеќе градови и знаменитости.

„Посетивме прекрасни места, како Луцерн, Цирих, езерото Констанца, водопадите на реката Рајна и други, кои ни оставија голем впечаток“, вели ученикот Адис Абдули.

Престојот на гостиварските средношколци во Швајцарија беше дел од проектот Имплементација на Конвенцијата за правата на детето кој го спроведува Коалицијата на младински организации СЕГА во соработка со Детската фондација Песталоци.

Од средното техничко училиште од Гостивар во Песталоци беа група од осум ученици придружувани од психологот Садудин Садики.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Вестипред 12 часа

Работи што не треба да ги чувате во автомобил

Гостиварпред 13 часа

Четирицикл удрил во бетонски столб во Гостивар, повредени две лица

Македонијапред 15 часа

Вакцинација против сезонскиот грип од средината на октомври

Гостиварпред 16 часа

Клучевите во брава, вратите незаклучени – Крадци во Гостивар лесно украле „сузуки алто“

Гостиварпред 17 часа

Петгодишен јубилеј на YCC Гостивар: Работиме неуморно да ја зајакнеме младината и создаваме трајни позитивни промени

Македонијапред 18 часа

Платите на наставниците се зголемуваат за 15%

Гостиварпред 18 часа

Пешачете и возете велосипед, порака од „Ден без автомобили“ во Гостивар

Гостиварпред 20 часа

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 21 час

Малеарди и Шеста зона без вода поради дефект

Гостиварпред 3 недели

Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува

Гостиварпред 2 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 7 дена

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж

Гостиварпред 4 недели

Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче

Гостиварпред 3 недели

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk со Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 2 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 1 месец

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена