Македонија
Новина во здравството – Домашна постоперативна грижа за пациентите
Здравствени работници телефонски ќе контактираат со пациентот еднаш дневно во првите три дена од отпуштањето од болницата, а потоа еднаш во неделата се до закажаната прва контрола. Ова е нова системска мерка за развој на домашна постоперативна грижа за која денес информираше државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев.
Целта на оваа мерка е грижа за пациентите во периодот до првата закажана постоперативна контрола во болничката установа, која најчесто се закажува еден месец после хируршката интервенција. Во овој период пациентот ќе може да се јави за секоја промена на неговата здравствена состојба на определената медицинска сестра за добивање медицински совет на телефоните, кои ќе бидат јавно достапни на веб страната на Министерството за здравство, изјави Милошев.
Новината ќе се воведе во сите јавни здравствени установи во земјава каде што се вршат хируршки интервенции.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград