Поврзи се со нас

Македонија

Новинарите протестираа пред Владата, притисоците и заканите мора да запрат

Објавено

на

Новинарите протестриаа пред Владата. Ова следува по заканите и навредите на функционерот на ДУИ, Бекир Асани кон претседателот на Здружението, Насер Селмани. Асани е недопирлив- оценува претседателката на Синдикатот, Чаусидис. Во Владата ги осудуваат навредите..

Притисоците и заканите мора да запрат- порака од новинарите на маршот во одбрана на слободата на говорот и интегритетот на фелата. Протестот пред Владата следуваше по навредите и вербалните закани од функционерот на ДУИ, Бекир Асани и член на неговото потесно семејство кон претседателот на ЗНМ, Насер Селмани и неговото семејство.

„Време е да се направи разлика кој е за слободна и демократска Македонија, а кој е за насилниците“- порача Селмани.

„Владата на дело да покаже дека навистина се залага за правна држава и да преземе мерки, а не да праќа реакции и соопштенија . Обврска ѝ е да ги замолчи насилниците“ рече претседателнката на новинарскиот Синдикат, Тамара Чаушидис.

Реагираше министерот Роберт Поповски. Рече дека оваа Влада има нулта толеранција за какви било закани врз новинари и никој од оние кои се закануваат нема да биде заштитен.

Се огласи и вицепремиерот за европски прашања, Османи. Ги осуди навредите. Вели оти нема да штитат никого.

Новинарите побараа полициска заштита за Селмани и постапување на Обвинителството. Протестите ги организираше Самостојниот синдикат на новинарите и медиумски работници.

Извор: МРТВ

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена