Поврзи се со нас

Гостивар

Новинарот и публицист од Гостивар Киро Кипроски со две нови книги

Објавено

на

Плодна творечка година за доајенот на македонското новинарство и публицист од Гостивар, Киро Кипроски. Наскоро ќе ги промовира двете најнови дела, создадени во текот на оваа година. Се работи за книга посветена на древното македонско светилиште Бигорскиот манастир и книга со новинарски записи, репортажи, човечки стории и фотографии од неговото над полвина век новинарско искуство.

Најголемиот дел од текстовите во оваа книга, која носи наслов „Поглед низ времето“ се врзани со поширокиот гостиварски регион, со што може да се каже дека оваа книга е еден вид енциклопедија за Гостивар.

„Во книгата се поместени текстови од 1968 година. Меѓу првите е текстот за Трајче Ристоски, првиот гостиварчанец кој беше на операција на срце во Хјустон каде го оперираше прочуениот светски кардиохирург доктор Дебекеј. Не случајно го споменувам овој настан, да послужи како пример на хуманоста и професионалноста. Докторот со писмо го известува семејството за сосојбата на пациентот, за успешноста на операцијата, дека во болницата истовремено има и други пациенти од тогашна Југославија со кои може да си разговара, и така времето брзо му поминува. Не само докторот, туку и главната медицинска сестра пишува до семејството неколку писма. Тоа треба на сите да ни послужи како поука.“, вели Кипроски.

Еден од записите во книгата е за нобеловецот со гостиварско потекло д-р Ферид Мурад, односно за неговата посета во родното место на татко му, селото Лакавица.

„Неговиот престој и посетата во Лакавица ги одбележав со новинарски запис. Оваа белешка ми остави голем печаток и ја нареков „Солзите на нобеловецот“ . Човек, без разлика дали е врвен доктор, нобеловец, има и покажуваа емоции. Кога тој се качи на бината, му се претставуваа роднини, ги запозна своите сограѓани, му покажуваа фотографии од татко му, ги виде своите корени и почна да плаче. Не можеше да се соземе. Тоа беше многу емотивен момент“, раскажува новинарот.

Во книгата исто така има и многу записи врзани со мавровско-реканскиот крај.

Првите чекори во новинарството Кипроски ги направил во детскиот неделник „Наша просвета“. Како средношколец и студент соработувал со младинските весници „Млад Борец“  и „Студенски збор“. Новинарската кариера ја градел во медиумите Нова Македонија, „Танјуг“, „МИА“, „Макфакс“, Радио Скопје, во програмите на македонски јазик на Радио Дојче веле и Радио Берлин, пишувал за изданијата на НИП „Вјесник“ Загреб,  неделниците „Журнал“,„Екран“ и многу други. Како матична куќа го има Радио Гостивар, каде работел како новинар – уредник на емисиите на македонски јазик.

Автор е на десетина книги и монографии, меѓу кои „Галичник засекогаш“, „Манастир Свети пророк Илија-Долно Јеловце“ , „Сага за македонските воени пилоти“ итн.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 2 часа

Невреме во Турција, торнадо кај Измир и откорнати дрвја, оштетени возила

Македонијапред 5 часа

Ниска сообраќајна култура-Се вози брзо, под дејство на алкохол, се прскаат пешаци…

Македонијапред 6 часа

Нови 46 случаи на голема кашлица во земјава од 12 до 18 април

Македонијапред 7 часа

СОНК бара да се повлече одлуката за одработување на 24 април и 8 мај

Гостиварпред 8 часа

Метео аларм за утре (недела): Пороен дожд, грмежи и ветер

Здравје и убавинапред 9 часа

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 22 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена