Поврзи се со нас

Гостивар

Новинарот Кипроски од Гостивар доби признание од „Битолски весник“

Објавено

на

Доајенот на македонското новинарство Киро Кипроски се закити со уште една награда за својата посветеност и професионалност во работата. „Битолски весник“ му додели признание како долгогодишен соработник и дописник, кое му беше врачено на манифестацијата „Избираме најуспешен битолчанец“ од страна на претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски).

„На колегите на „Битолски весник“ им ја изразувам мојата благодарност, на овој начин први ми го честитаат големиот јубилеј 55 години од новинарското творештво што го прославувам за некој месец.“, подвлече Кипроски.

Во својата богата и плодна новинарска кариера, која ја започнал уште како средношколец и како студент Кипроски бил дел од многу пишани и електронски медиуми: „Млад борец“ , „Студентски збор“,„Нова Македонија“, „Танјуг“, „МИА“, „Макфакс”, Радио Скопје, Радио Дојче веле, Радио Берлин, „Утрински весник“ и др. Од 1974 година до неговото пензионирање во 2013 година беше вработен во Радио Гостивар како новинар-уредник на емисиите на македонски јазик во Радио Гостивар. Од 1993 до 1998 година бил член на Претседателството на Здружението на новинарите на Македонија.

Автор е на 15-тина книги, монографии. Добитник е на 18 Ноемвриска награда, највисоко признание на Општина Гостивар, како и на орден „Претеча“ за афирмација на Бигорскиот манастир.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 4 недели

Втора победа за Јулијана Златаноска на Вешта жена во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Наша цел е поправедно општество и еднаквост, порачаа гимназијалците од Гостивар

Гостиварпред 4 недели

„Вешта жена 2023“ во Гостивар во знакот на љубовта!

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 6 дена

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Отворени огласи за вработување

- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена