Гостивар
Новиот автопат Тетово-Гостивар ќе биде готов во 2027-ма година, чини 90 милиони евра

Денес беше поставен камен темелник на новиот автопат Тетово-Гостивар со вкупна должина од 17,5 километри. Почетокот на изградбата на оваа делница официјално беше означен во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министри во Владата, градоначалници од полошките општини, пратеници, дипломати.
„Денес, од срцето на Полог испраќаме најсилен одговор на сите скептици и на сите што со години зборуваа, а ништо не направија. Ние не ветуваме празно, ние градиме. Денес започнуваме еден од клучните инфраструктурни проекти, изградбата на новиот автопат од Тетово до Гостивар. Овој пат ќе го возат и Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци и туристи од други националности кои ќе се упатуваат до нашите планински бисери и езерски бисери како што е Охридското Езеро. Политичарите кои имаат визија и градат вакви дела ќе бидат запомнати и никогаш нема да излезат од колективната меморија.“, истакна Мицкоски.
Новиот автопат ќе има по две коловозни ленти во еден правец и дополнително една лента за застанување. Според најавите оваа делница ќе биде готова 2027-ма година, а проектот чини 90 милиони евра.
Прес присутните денес се обратија и директорот на претпријатието за државни патишта Коце Трајановски, Амбасадорката на САД Анџела Агелер, вицепремиерите Александар Николоски и Изет Меџити, како и Џош Бејкер, проектен менаџер во Бехтел и Енка.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог