Поврзи се со нас

Македонија

Ново намалување на цената на дизел горивото и екстра лесното масло за домаќинство

Објавено

на

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се намалуваат за 2,00 денари за литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 83,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 79,50 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 денари за литар, додека малопродажната цена Мазутот М-1 НС изнесува 56,130 денари за килограм.

-Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,96 проценти во однос на одлуката од 31.03.2022 година, се вели во денешното соопштение од РКЕ.

Од 2.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС –  95              –                83,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98              –                85,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)               –                83,50 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)            –                79,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС                                                         –         56,130 (денари/килограм)

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,957 отсто или за 10,250 $/тон,  кај  дизелот намалување во просек за 2,962 отсто или за 34,750 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,851 отсто или за 31,150 $/тон, и кај мазутот намалување во просек за околу 1,510 отсто или за 10,750 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 55,9286 ден/$ и е за околу 0,254 % понизок од курсот на доларот (56,0709 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка, велат од Комисијата.

Напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 2.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 час

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 2 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 3 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 4 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 5 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 7 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 18 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена