Поврзи се со нас

Гостивар

Ново продолжување на блокадата кон Русино, граѓаните незадоволни од институциите

Објавено

на

Русино останува забранета зона за отпадот од полошките општини. Блокадата кон таканаречената депонија е продолжена по четври пат за дополнителни десет дена. Приод е дозволен само за ѓубрето од Гостивар.

Од граѓанската иницијатива велат дека се револтирани од незаинтересираноста на институциите да се разговара за проблемот и да се најде заеднички јазик. Ветениот состанок со градоначалниците од полошките општини, за да се разгледаат барањата, не се одржал.

„Трета недела се одолговлекува одржувањето на состанокот со градоначалниицте од полошките општини. Им пративме предлог и за состанок преку „зум“, но не добивме никаков одговор. Коректно е и човечки е барем да одговорат на мејлот што им го пративне. Имаме чувство како сите да си играат мајтап со нас, не не‘ сфаќаат сериозно или чекаат да се откажеме. Добивам и закани, притисоци да престанеме, но ние нема да запреме. Продолжуваме со блокадата и ќе бидеме тука. Подготвени сме да одиме и чекор понатаму, со тужби, петиции и слично. Не се откажуваме Русино да се затвори“, изјави Десо Матески од Граѓанската иницијатива Стоп Русино, чист воздух за Гостивар.

Блокадата трае веќе 40 дена. Активистите упатуваат апел до сите граѓани да дадат свој придонес во борбата за чист воздух и здрава средина, без национална, верска или политичка поделба.

Главно барање на иницијативата е затворање на Русино. Додека да се најде начин за тоа, бараат редовно затрупување и тапкање, собирање на отпадните води, чистење на патот, посебен термин за носење на ѓубрето, санирање на камионите за транспорт, како и ангажирање на луѓе од иницијативата за контрола на состојбите.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Животпред 4 недели

Дворот на Василески во Гостивар е рај за очи и душа! Уникатно катче кое дише со љубов и внимание

Што, како, каде?!пред 4 недели

Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила

Гостиварпред 2 недели

Во Гостивар ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме

Гостиварпред 4 недели

Пензионерите во Гостивар учеа како самостојно и безбедно да користат интернет

Гостиварпред 4 недели

Здружението „Д-р Трајче Нешковски“ и Општина Гостивар заедно за поддршка на децата со попреченост

Гостиварпред 4 недели

Протест на пензионери во Гостивар: Не може да се опстане со 10-12 илјади денари пензија!

Гостиварпред 4 недели

Семејството е во криза, се‘ повеќе разводи во Гостивар, бракови се растураат како кула од карти

Гостиварпред 4 недели

ОВР Гостивар лиши од слобода 3 лица под сомнение за дивоградба

Гостиварпред 3 недели

Полицијата на средба со ловечките друштва од Гостивар, Чегране и Врапчиште

Гостиварпред 3 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 4 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 4 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 4 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 4 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 5 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 5 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Advertisement
.

Популарно изминативе 100 дена