Гостивар
Ново противпожарно возило доделено на ТППЕ во Гостивар
Во рамки на настанот под слоганот „Цивилна заштита меѓу институциите и граѓаните“, што се одржа денес во Скопје, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување бea доделени возила за 14 општини. Едно противпожарно возило беше предадено на Противпожарната единица на Општина Гостивар.
„Ова е неопходна помош за гостиварските пожарникари која помага да се осовременат условите на пожарникарите и нивната ефикасност на терен. За оваа донација благодариме на Дирекцијата за заштита и спасување. Потсетуваме дека Општина Гостивар отсекогаш била блиску до пожарникарите со инвестирање во објектот на ТППЕ, како и во нивната обука и снабдување со работна опрема и нови униформи.“, соопшти локалната самоуправа.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар