Гостивар
Новогодишен базар со хуманитарна нота во гостиварското техничко училиште
Деновите пред Новата Година средношколците и професорите од техничкото училиште во Гостивар ги искористија да внесат празнична атмосфера во училиштето со поставување на декорации, елка, пишување новогодишни желби и слично. Денес пак, во холот се организираше „Новогодишен базар“ со хуманитарен карактер.
На штандови беа изложени новогодишни украси изработени од учениците, кои се продаваа, а собраните средства ќе бидат донирани.
„Нашето училиште традиционално организира Новогодишен базар со цел заедно да се дружиме, да се забавуваме, да размениме позитивна енергија. Имаме храна подготвена од професори и ученици, а исто така поставено е и пано на кое се оставени новогодишни желби од учениците. Лично би посакала во Новата Година да бидеме сите среќни, да излеземе од стегите, од стравот, да имаме позитивни мисли, да нема војни, едноставно да живееме во мир и убаво“, рече професорката по македонски јазик, Гордана Страшевска.
Настанот се заврши со симболично пуштање во воздухот на хелиумски балони на кои беа испишани пораки за мир, соживот, братство, љубов…
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар