Вести
Новогодишна забава во Дневниот центар за деца со посебни потреби
Група гостиварци со својата хуманост, чисто срце и посветеност, исцртаа насмевки и задоволство на лицата на дечињата од Дневниот Центар во Гостивар. Во пресрет на новогодишните празнувања им организираа интересна забава со многу песни, дружење и весела атмосфера. Како што е редот за Нова Година, Дедо Мраз на децата им подели пакетчиња. Забавата ја разубавија и малите балерини од Денс студио, кои во духот на празникот беа облечени како Баба Мразици.
-Сакаме да упатиме голема благодарност до сите што се вклучија и ја поддржаа нашата иницијатива за организирање на овој настан за децата од Дневниот Центар. Ова е четврта година по ред како успеваме да им го разубавиме новогодишното празнување на дечињата и многу сме задоволни што граѓаните ни излегуваат во пресрет и донираат за да се реализираат нашите идеи, велат иницијаторите.
Дневниот Центар во Гостивар функционира десетина години, а го посетуваат 20-тина деца со пречки во развојот
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар