Поврзи се со нас

Интервју

Новогодишно интервју со познатиот физиотерапевт Илија Жежов

Во пресрет на Новата година, а во насока на претставување на една интересна и амбициозна приказна на млад човек максимално вложен во својата професија, Gostivarpress.mk направи новогодишно интервју со Илија Жежов, дипломиран стручен физиотерапевт со долгогодишно искуство, кој има свој Центар за масажа и физиотерапија во Гостивар.

Објавено

на

„Имав успешна 2022-ра година, останувам посветен на работата и мотивирање на луѓето“

Ги трошиме последните денови од 2022-ра година, каква беше таа за вас на професионален и на личен план и по што најмногу ќе ја паметите?

Жежов: Искрено 2022 година ќе ја паметам по доста телевизиски гостувања, многу сум среќен што медиумите и вие електронските портали ја цените мојата работа па секогаш имате почит кон тоа да напишете и објавите моја статија со која ги информираме граѓаните за некоја здравствена тема од областа на медицината.

Исто така би кажал дека 2022 година ми донесе еден доста успешен проект во Србија, Белград каде имам чест како обучувач на 12 члена група физиотерапевти да им држам професионална обука од областа на физикалната терапија, тука ќе ги споменам и доста успешните рехабилитации кај пациентите со мозочни удари и други здравствени проблеми поврзани со мускулоскелетната состојба, доста патувања надвор од државата како на приватен така и на професионален план во врска и ангажмани со мојата работа.

Кои се најчестите проблеми со кои се соочуваат вашите пациенти, која е симптоматологијата?

Жежов: Постојат низа на здравствени проблеми. Би кажал дека има доста заболувања.

Чести проблеми со кој се соочувам во секојдневните работни задачи ми се спондилоза, дископатија, дискус-хернија, повреди на рамо, мозочни удари, ишијас, фрактури на колк, колено и рака и мускулни болки како појава на резултат од слаба физичка активност или долго седење пред компјутер.

Колку и како современиот начин на живеење, долго седење пред компјутер, мобилни телефони и слично од една страна и малку движење и физичка активност од друга страна, влијае врз мускулатурата и здравствената состојба на луѓето?

Жежов: По утринските емисии на ТВ често сугерирам луѓето да најдат време за себе, време за здравје. Пешачење, фитнес, одредени вежби за раздвижување на телото но и често да посетуваат физиотерапевт.

Долгото седење пред работните бироа може да предизвика низа на здравствени проблеми, а една од нив би ја споменал СКОЛИОЗАТА искривување на ‘рбетниот столб или спондилоза која може да прогресира со лесни, но и потешки симптоми. Доколку вашата работа е повеќе од 8 часа, добро е на половина час да станувате, попладне или наутро да бидете физички активни барем 3 пати неделно. Кај возрасните лица често пешачење и работа со вежби препорачани од физиотерапевт.

Масажата, да масажата е еден од најстарите методи на лекување и ослободување од болки, напнатост и овозможува доста добра релаксација на телото и опуштање на стресот и нервниот систем но исто така и за лекување на доста посериозни заболувања. Добро е и нормално е луѓето често да посетуваат физиотерапевт, консултација и да се информираат стручно и професионално за себе и својата здравствена состојба.

Пандемијата, карантините беа дополнителен удар врз здравјето. Какви последици имаат граѓаните од тој период на ограничено движење?

Жежов: Да, тоа беше доста лош период за сите нас. Ковидот ни одзеде доста драги луѓе, согледано од медициски аспект и работа со луѓе би кажал дека доста луѓе имаат се‘ уште симптоми на страв, депресија и доста демотивација за многу случувања на работите во секојдневниот живот кај луѓето. Во тој период стравот и стресот си предизвика и низа на други здравствени проблеми со што доста пациенти се соочуваат и ден денес но истите бараат и помош од нас здравствените лица.

Што се најважните работи за вас при пружање третман за да биде успешен и да даде резултати и какви се‘ техники користите?

Жежов: Најважните работи кај еден лекар или физиотерапевт треба да бидат пред се искреноста, почитувањето на пациентот, добрата комуникација на релација пациент-физиотерапевт. Само ако сте искрени, чесни и одговорни кон пациентот можете да уживате голема доверба. Мора да сте професионалец, да ја сакате работата за да ја имплментирате со многу љубов, а тогаш резултатите сами по себе ќе си дојдат.

Од техники во физиотерапијата најчесто се користи електротерапија, масажа, кинезитерапија и киропрактика. Вакавата методологија ни дава доста одчични резултати на лекување кај пациентите. Терапијата мора да се спроведе стручно и одговорно како од физиотерапевтот така и од страна на пациентот да има трпение во одвивањето на работите бидејќи нема проблем што може да се реши преку ноќ. Нешто што се појавило како проблем од месец дена ќе оди побрзо со лекување. Доколку проблемот е подолго време навистина е потребно доста оптимизам, работа, трпение и одговорност кон сопственото здравје. Резултатите од лекувањето ќе ги има секако.

Кои се вашите идни планови и какви желби имате за 2023-та година?

Жежов: Желби имам доста се надевам барем на неколку од нив дека 2022 што не ми ги оствари, 2023 ќе ми ги надокнади. Пред се многу здравје да имаме сите, се‘ друго само по себе ќе си дојде.

Во однос на планови, секако останувам доста посветен на работата, ангажманите со колегите и секако да посветем повеќе време на фитнес и да бидам мотивација на луѓето повеќе да вежбаат, да бидат одговорни и да внимаваат на себе и своето здравје, бидејќи здравјето е најголемото богатство за еден човек.

Останете во добро здравје, бидете активни и имајте среќна нова 2023 година. Со посебна почит, Ваш физиотерапевт Илија Жежов. Центар за масажа и физиотерапија ФИЗИОТЕРАПЕВТ-ЗДРАВЈЕ Гостивар.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 недели

Го соблекле, му го пребарувале возилото и заминале…несекојдневен случај во гостиварско

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена