Поврзи се со нас

Македонија

Новоизбраните судии дадоа свечена изјава

Објавено

на

    Новоизбраните судии од редот на кандидатите од Академијата за судии и јавни обвинители, денеска во Судскиот совет дадоа свечена изјава со што официјално станаа судии. Како што истакна претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, станува збор за 49 нови судии, со кои се очекува да се ублажи проблемот со недостатокот на судии ширум земјава.

    Ова е доста битен ден за македонското правосудство, за Судскиот совет, но и за нашата држава, нагласи Камбовски, бидејќи, како што рече, после долг период се избираат толкав број на судии кои сите потекнуваат од Академијата за судии и обвинители. Очекувањата се големи, додаде, и се во насока на тоа тие одговорно, професионално и со интегритет ја извршуваат судиската функција.

    – Бројката од 49 судии не е за занемарување, таа е солидна бројка. Но, ова го ублажува проблемот и не го решава целосно. Ќе остане потребата од делигирање на судии особено на оние помали судови низ државата, каде долг период и покрај тоа што објавуваме огласи, никој не се јавува на тие огласи. Тоа е судот во Крушево како и други судови во источниот дел од државата. Проблемот го решаваме со делигирање на судии од поголемите судови, рече Камбовски.

    Според систематизацијата, како што посочи, во судовите ширум земјава фалат околу 300 судии, но смета дека реалната потреба од судии е помала.

    – Доколку одиме според систематизацијата станува збор за бројка од 300 судии кои фалат, но сметам дека реалниот број е понизок од таа бројка. Не би сакал да шпекулирам и да излезам со бројка, кога ќе се направи таа анализа која што се прави од страна на Судскиот совет, ќе имаме попрезицен увид колку судии ни фалат и во кои судови, вели Камбовски.

    Новоизбрани судии во Основен суд Гостивар се: Полумбеша Сефери, Арлинда Адеми- Османи, Љеонора Јакупи, Кујтим Фетаи и Ален Садику.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена