Вести
Со нож им се заканувал на вработените во “Ургентен центар” – Гостивар
Околу два часот по полноќ се одвивала драма во Гостивар, кога во Ургентното одделение на Медицинскиот центар дошол 23-годишниот Б.Х. од селото Градец, гостиварско, и со негов другар од персоналот побарал да му се укаже лекарска помош на другарот затоа што бил во алкохолизирана состојба.
Откако Љ.С. му рекол да го легне на еден од креветите, другарот на пијаниот гостиварец почнал да го навредува вработениот и да му упатува вулгарни зборови, по што започнала караница, па во еден момент кулминирала кога Б.Х. посегнал по нож со кој му се заканил на вработениот. Тој за да се одбрани му ја фатил раката, но не можел да му го одземе ножот. Бидејќи му рекол дека нема да го нападне, Љ.С. му ја пуштил раката, а Б.Х. го вратил ножот во џебот. Веднаш потоа го пријавил настанот во полициска станица.
Полициски службеници го пронашле ножот во просторија на Медицинскиот Центар Гостивар.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград