Македонија
НП Маврово до собирачите: Успешна берба на боровинки и почитувајте ги правилата!

Јавната Установа „Национален парк Маврово“ информира дека отпочна сезоната на берба на боровинки, и на собирачите им препорача плодовите да ги собираат согласно правилата и прописите утврдени со закон и од страна на управата на паркот.
„Секој регистриран и сертифициран собирач на шумски плодови должен е да ја обнови својата легитимација со маркичка за 2019 година, да се грижи за природата и да собира само плодови кои се во оптимална зрелост, истите да не ги оштетува со механички средства или целосно да ги уништува, да внимава на чистотата на околината и да не остава отпадоци на местата каде што се престојува. Поради топлото време и опасноста од пожари, посебно да се води внимание да не дојде до несакани последици. Да не се палат огнови и да се следат препораките за движење низ планинските предели и шуми.“, потенцираат од НП Маврово.
Од паркот уште упатуваат апел до сите оние кои на терен ќе забележат присуство на нелегални – диви собирачи на шумски плодови, истите да ги пријават во управата на паркот на 042 489 019 или туристичкиот информативен центар на 042 489 425. Нелегалните собирачи може да се пријават и во најблиските полициски станици на територија на паркот и Општина Маврово и Ростуше.
За лицата затекнати на терен без дозвола за собирање и кои нема да се придржуваат на погоре наведените правила и законските обврски, предвидени се соодветни казни и одземање на шумските плодови собрани на нелегален начин.
Од Управата на ЈУНП Маврово на сите собирачи им посакуваат успешна сезона.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 2 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар