Гостивар
НП Маврово воведе задолжително пријавување за движење

Поради високите температури и опасноста од појава на шумски пожари, Н.П. Маврово воведува задолжително пријавување на поединци или групи кои планираат движење во шумите и шумското земјиште на територија на паркот во периодот од 6:00 до 20:00 часот.
Задолжителното пријавување за движење на територија на НП Маврово не важи за органите на Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, субјектите што вршат шумскостопански активности, сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти, како и риболовци кои поседуваат важечка дозвола за риболов.
Пријавувањето може да се изврши во просториите на туристичкиот инфо центар во Маврови Анови или преку е-маил адресата mavrovonationalpark@gmail.com со пополнување и испраќање на образецот Пријава за движење на територија на Н.П. “Маврово” .
Од НП Маврово ги даваат следните инструкции:
„Одете на линкот http://npmavrovo.org.mk/download/5083/ и превземете го образецот: Пријава за движење на територија на Н.П. “Маврово”. Истиот треба да се пополни од ваша страна, да се потпише и скениран да се испрати на mavrovonationalpark@gmail.com
Потоа одете на www.npmavrovo.mk/tickets од каде што можете да извршите уплата на туристичка такса за влез во паркот (30 денари по лице за секој ден од вашиот престој на територија на паркот).
Во пораката која ќе ни ја испратите заедно со пополнетата пријава за движење на територија на Н.П. “Маврово”, наведете име и презиме на лицето на кое ќе ја извршите уплатата на туристичка такса за влез во НП Маврово (едно лице може да изврши уплата и за поголема група на посетители), за да можеме истата да ја евидентираме и воедно да ги известиме нашите служби кои вршат контрола дека вие или вашата група сте уредно пријавени.
Доколку пријавувате групата поголема од 5 лица тогаш ќе ве замолиме да ни доставите и посебен список со информации за сите посетители кои ќе бидат со вас.
Откако ќе го направите ова нашите служби во најбрз рок ќе ви одговорат и ќе ви го достават образецот: Дозвола за движење на територија на НП Маврово.
За лицата кои своето движење во паркот ќе го пријават по електронски пат, како доказ дека поседуваат дозвола за движење и ги регистрирале своите активности ќе служи и потврдата за уплатена туристичка такса која системот на вашата електронска адреса ќе ви ја достави автоматски.
Ве молиме сите претходно наведени образци како и потврдата за уплатена туристичка такса да ги зачувате и да ги приложите доколку тоа ви биде побарано од ренџерските служби или од страна на граничната полиција.
Воедно би сакале да ве замолиме за исклучително внимание за време на вашиот престој на територија на паркот со цел избегнување на несакани последици и предизвикување на пожари. Доколку забележите пожар или друг случај на загрозување на природата ве молиме истото веднаш да го пријавите на:
e-mail: mavrovonationalpark@gmail.com
тел: 042 489 425 и 042 489 019
Жителите на општина Маврово и Ростуше своето движење во шумите и шумското земјиште на територија на паркот може да го пријават кај претставниците на ренџерската служба на НП Маврово или на тел: 078 495 570 за жители на Мавровскиот регион и 078 495 598 за жителите на Реканскиот регион.
Жителите на општина Маврово и Ростуше се ослободени од обврската за уплата на туристичка такса за влез на територија на НП Маврово.“
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја