Гостивар
Нуредини и градоначалниците прошетаа низ Русино: Сликата е сосема сменета!

Депонијата Русино кај Гостивар денес беше место кадешто се собраа функционери од централната и од локалните власти во Полог и дипломати. Целта им беше заедно да видат каква е состојбата и што се работело во рамки на првата фаза инвестиции на регионалната депонија. Облекоа зелени елеци, направија обиколка и на крај се сложија дека сликата е целосно изменета.
„Направиме надзор на првата фаза на инвестиции, која се реализира со донација на Швајцарската конфедерација. Состојбата е многу подобрена, отпадот соодветно се третира, отпадните води се регулираат. Наша цел е да продолжиме со инвестиции за подобро управување со отпадот во целата држава. Затоа, имаме предлог Закон за заем од ЕБОР, преку што би се овозможила реализација, но за жал законот е се‘ уште во Собрание, не помина на комисија. Кога ќе помине ние ќе можеме да инвестираме во базична инфраструктура, сите сме свесни дека општините немаат финансиска моќ сами да инвестираат“, изјави министерот за животна средина Насер Нуредини.
Швајцарската Влада го поддржа проектот за подобрување на управувањето со цврст отпад во Полошкиот регион со 7,8 милиони швајцарски франци. На Русино денес беше и Амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман.
„Имав многу слушано за депонијата Русино и колку овде била ужасна состојбата. Денес може да видам дека со инвестицијата за неколку месеци состојбата е сосема поинаква. Физичката рабора, работата на тимот, на механизацијата направија голема разлика за животната средина, за јавното здравје и секако за граѓаните на полошкииот регион.“, истакна Улман.
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари меѓу другото ги повикаа партиите да го поддржат Законот за заем од ЕБОР за да се решаваат проблемите со управувањето со отпадот.
„Задоволство ми е што после 20 -30 години застој, само за една година може да се видат промени во депонијата Русино. Се заблагодарувам на швајцарскиот народ што изнајдоа буџет да помогнат. Овде сега навистина се гледаат промени. Апелирам и се надевам дека после новата година сите политички партии ќе го поддржат Законот за заем од ЕБОР и да видиме една европска депонија тука во Русино.“, рече Таравари.
Првиот човек на Тетово, Билал Касами пак, нагласи дека за во иднина целите се третман со нула отпад.
„На лице место гледаме што значи добро менаџирање со депонијата. Ова е добар пример како соработката на локално и централно ниво со меѓународна поддршка може да биде успешна. Така треба и да продолжиме за трајно да се реши проблемо со менаџирање на отпадот. Во иднина ќе се разгледаат начините за третирање со нула отпад.“, изјави Касами.
Со Русино менаџира регионално јавно претпријатие кое функционира од пред година и половина.
„Го гледаме прогресот на лице место сите заедно. Ова е прилика да им се заблагодариме на 12-те херои на Русино, тоа се вработените кои и по работното време несебично остануваат грижејќи се за депонијата. Тука е воведен ред, има персонал, има луѓе кои се грижат 24 часа за функционирање, има ред од прием на отпад, мерење, одлагање, одржување, и покривање.“, изјави директорот на претпријатието, Бесим Догани.
На Русино дневно се носи околу 200 тони ѓубре од полошките општини.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?