Македонија
Нуредини : Имаме понуда за Попова Шапка, инвестиција над 50 милиони евра

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини од тетовско Боговиње информираше дека државата добила сериозна понуда од странска компанија за инвестирање во развојот на скијачко рекреативниот центар Попова Шапка.
Тој вели дека понудата поминала на Комисија за стратешки инвестиции, детали ќе се знаат кога ќе се разговара за тоа на седница на Владата наредната недела.
-Оваа недела во Комисија за стратешки инвестиции помина точка и очекуваме следна седница на Влада после една недела ќе најавиме со име една фирма која е од централна Европа во Европска унија со големо искуство во ски-ресорти и сме со голем задоволство ќе информираме следна недела, рече Нуредини.
Ќе се дознае наредната недела и дали ќе биде јавно-приватно партнерство.
-Ќе биде стратешка инвестиција со закон за стратешки инвестиции. Ќе биде голема инвестиција и ќе презентираме целосна документација. Секогаш велев дека додека немаме официјална понуда нема да зборувам за тоа. Но имаме сега понуда. Имаат големо искуство, кога ќе помине точка на Влада тоа ќе биде официјално и ќе ги доставиме сите документации до јавноста да бидеме транспарентни, ќе биде повеќе од 50 милиони инвестиција со нови ски лифтови, нови хотели и сè друго што е потребно да имаме еден ски-ресорт кој ќе има добри стандарди, истакна Нуредини од Боговиње каде присуствуваше на акција за пошумување.
Тој воедно информираше дека планот за управување со национален парк Шар Планина е во крајна фаза, ќе биде подготвен и ќе биде усвоен во Влада.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 недели
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава