Поврзи се со нас

Македонија

Обдукциите се завршени, жртвите во пожарот во Тетово идентификувани – 2 лица не биле пациенти

Објавено

на

Дејствијата кои ги преземаат петмината обвинители за утврдување на причината за настанување на пожарот во модуларната ковид болница во Тетово во кој животот го загубија 14 лица, во континуитет продолжуваат, соопшти јавното обвинителство денес. „Од доставените извештаи за обдукциите од Институтот за судска медицина се утврдува дека од починатите, осум жртви се жени и шест мажи, на возраст од 29 до 78 години. Од нив 12 лица биле хоспитализирани како пациенти во ковид болницата. Од починатите, две лица и тоа сопруга на пациент и ќерка на пациентка се надворешни лица кои не биле хоспитализирани. Причината за нивното присуство во моментот на несреќата, односно дали биле подолго време присутни во болницата или влегле внатре по опожарувањето за да ги извлечат своите роднини се истражува. По налог на обвинителството извршена е обдукција и на почината пациентка, која настрадала од COVID-19 и за чиј живот се борел медицинскиот персонал непосредно пред избувнувањето на пожарот. Телото на веќе починатата пациентка било изнесено во моментот на избувнување на пожарот. Обдукцијата по барање на обвинителството беше извршена за точно утврдување на причините за смртта, при што се констатира дека  настанатата смрт не е последица од пожарот.“, стои во соопштението.

Обвинителството обезбедило видео-снимки од ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, од и околу болницата, околните деловни објекти, станбени згради, куќи, како и обезбедување на целокупниот видео-материјал објавен, како од индивидуални поединци, така и од социјалните мрежи. Снимките се вештачат по издадени наредби од обвинителството и се очекува извештаите од нивната анализа да помогнат во расчистување на настанот. Донесена е наредба за ангажирање на вешто лице од областа на електротехниката, кој било присутен и на самото место во опожарениот објект и чија експертиза ќе одговори на прашањата за причинско-последичната врска за настанување на пожарот.

Сослушани се дел од сведоците од местото на настанот, дел од лекарскиот персонал кои бил присутен во болница ноќта кога е избувнал пожарот. Во меѓувреме, сослушани се и се сослушуваат и останатите лица кои можат да дадат потребни известувања во врска со настанатиот пожар.

Обвинителтвото издаде наредба на СВР-Тетово за одземање на целокупната документација во врска со изградбата на модуларната болница, од самата болница, а исто така и од правното лице – изведувачот на изградбата.

Основното јавно обвинителство во Тетово, во соработка со Основното јавно обвинителство во Скопје, презема неопходни мерки и активности за проверка на евентуални пропусти од страна на одговорните лица во однос на почитување на прописите заштита при работа, а меѓу другото, и на прописите од областа на противпожарната заштита.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Македонијапред 2 недели

Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус

Гостиварпред 4 недели

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Вестипред 3 недели

УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ

Гостиварпред 3 недели

Полициски службеник и уште едно лице осомничени за продажба на кокаин во Гостивар, Тетово и Скопје

Гостиварпред 4 недели

Во крводарителната акција на Gо Bikers од Гостивар собрани 20 единици крв

Рецептипред 4 недели

Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо

Вестипред 4 недели

Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар одбележани 80 години од загинувањето на борецот херој, Сретко Крстески

Гостиварпред 2 недели

Пронајдени гранати при ископ на тротоар во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 3 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 4 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 9 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 9 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 11 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 11 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 1 година

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

Вести

Autopsitë janë mbaruar, viktimat në zjarrin në Tetovë të indentifikuar – 2 persona nuk kanë qenë pacientë

Објавено

на

Veprimet që i ndërmarrin pesë prokurorët për verifikimin e arsyes për shfaqjen e zjarrit në kovid spitalin modular në Tetovë në të cilin jetën e humbën 14 persona, në kontinuitet vazhdojnë, njoftoi sot prokuroria publike. “Nga raportet e dorëzuara për autopsitë nga Instituti i mjekësisë gjyqësore verifikohet se nga të vdekurit, tetë viktima janë gra kurse gjashtë burra, në moshë prej 29 deri 78 vjet. Prej tyre 12 persona kanë qenë të hospitalizuar si pacientë në kovid spitalin. Nga të vdekur, dy persona edhe atë bashkëshorte e një pacienti dhe vajza e një pacienteje janë persona të jashtëm të cilët nuk kanë qenë të hospitalizuar. Shkaku i prezencës së tyre në momentin e fatkeqësisë, gjegjësisht kanë qenë prezentë kohë më të gjatë në spital ose kanë hyrë në momentin e fillimit të zjarrit për t’i nxjerrë të afërmit e tyre është duke u hetuar. Me vendim të prokurorisë është kryer autopsi edhe të pacientes së vdekur, që ka pësuar nga COVID-19 dhe për jetën e së cilës ka luftuar personeli mjekësor para shfaqjes së zjarrit. Trupi i pacientes që tashmë kishte ndërruar jetë ka qenë i nxjerrur në momentin e paraqitjes së zjarrit. Autopsia me kërkesë të prokurorisë ka qenë e kryer për verifikim të saktë të arsyeve të vdekjes, pas çka është konstatuar se vdekja nuk është pasojë e zjarrit.”, qëndron në njoftimin.

Prokuroria ka siguruar video inçizime nga ISHP Spitali klinik Tetovë, nga dhe rreth spitalit, objektet e biznesit në afërsi, ndërtesat e banimit, shtëpitë, si dhe sigurimi i video-materialit të plotë i publikuar, si nga individë, ashtu edhe nga rrjetet sociale. Inçizimet janë nën ekspertizë pas urdhërave të dhëna nga prokuroria dhe pritet raportet nga analizat r tyre të ndihmojnë në pastrimin e ngjarjes. Është sjellë urdhër për angazhimin e personit profesional nga zona e elektroteknikës, që ka qenë prezentë edhe në vet vendin në objektin e kapluar nga zjarri dhe ekspertiza r të cilit do tu përgjigjet pyetjeve për lidhjen shkak-pasojë për shpërthimin e zjarrit.

Janë dëgjuar një pjesë e dëshmitarëve nga vendi i ngjarjes, një pjesë e personelit që kanë qenë prezentë në spital natën kur k shpërthyer zjarri. Në ndërkohë, janë dëgjuar dhe do të dëgjohen edhe personat e tjerë që mund të japin lajmërime të nevojshme në lidhje me zjarrin e shfaqur.

Prokuroria dhe urdhër për SPB -Tetovë për marrjen e dokumentacionit të plotë në lidhje me ndërtimin e spitalit modular, nga vet spitali, kurse gjithashtu edhe nga personi juridik – ekzekutuesi i ndërtimit.

Prokuroria themelore publike në Tetovë, në bashkëpunim me Prokurorinë themelore publike në Shkup, ndërmerr masa të nevojshme dhe aktivitete për kontrollë të lëshimeve eventuale nga ana e personave përgjegjës në lidhje me respektimin e rregulloreve të mbrojtjes gjatë punës, mes të tjerash, edhe të rregulloreve nga ana e mbrojtjes kundër zjarrit.

Сподели ја веста:

Популарно изминативе 100 дена