Здравје и убавина
Обемниот струк ризик за сериозни болести, максимумот е 102 сантиметри за мажи и 88 за жени

Големината на струкот кај една личност може да биде признак за можноста за развој на рак, откриваат новите истражувања. Според наводите, и мажите и жените со вишок масти околу половината имаат зголемен ризик од појава на некој вид рак – за 11 отсто. А, тоа е случај и ако човекот вежба, пишува британски „Сан“ (The Sun).
Испитувањето опфатило повеќе од 315.000 лица. Инаку, опасноста почнува да се јавува кога обемот на половината надминува 102 сантиметри кај маж и 88 см – кај жена, што се препорачаните граници поставени од Светската здравствена организација (СЗО). Истражувачите од Универзитетот на Регенсбург во Германија ги проучувале луѓето кои биле во рамките на нормалното, според СЗО, или ги следеле нејзините упатства за вежбање, во споредба со оние кои не ги исполнувале условите.
При следењето и набљудувањето, за 11 години, речиси 30.000 луѓе развиле рак.
Стручњаците препорачуваат 150 – 300 минути умерено вежбање неделно, или 75 – 150 минути енергично вежбање, или комбинација од двете.
Се смета дека оваа поврзаност би можела да се должи на вишокот телесни масти кои влијаат на нивото на хормоните. Поголемото ниво естроген и тестостерон го покачуваат инсулинот и предизвикуваат воспаление. Секој од овие фактори е поврзан со зголемена можност за рак.
Умерените активности, според стручњаците, вклучуваат пешачење, чистење, возење велосипед. Интензивните активности, исто така, вклучуваат пешачење, трчање, работа низ градината, брзо возење велосипед, фудбал, кошарка и тенис.
Трудот, во суштина покажа дека оние со поголем струк имаат ризик од рак дури и ако вежбаат. Непридржувањето до некое од упатствата ја зголемува опасноста од рак кај луѓето за 15 отсто. Претходните испитувања, од друга страна, покажале дека вежбањето и здравата исхрана – полна овошје и зеленчук, го намалуваат ризикот од развој на рак.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог