Поврзи се со нас

Гостивар

Обилни врнежи-Најмногу дожд на Шапка, во Пожаране и Маврово

Објавено

на

Најмногу дожд во 24 часа е наврнат на Попова Шапка, 44 литри на квадратен метар, според мерењата во 8 часот, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Пожаране има 33 литри воден талог на квадрат, 31 во Маврово, 29 во Тетово, 21 во Лазарополе, 19 во Крива Паланка, 18 во Скопје-Зајчев Рид, 17 во Куманово, девет литри на квадратен метар во изминатото деноноќие се измерени во Ѓуриште, седум во Скопје-Петровец, три во Крушево и еден во Охрид и Берово.

На Попова Шапка е измерена и најниска температура утрово, 9 степени, 10 во Лазарополе, 11 во Маврови Анови, 12 во Крушево, 14 во Крива Паланка, Тетово, Куманово, Берово и Претор, 15 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица, Прилеп и Охрид, 17 степени во Битола, 18 во Штип, Гевгелија и Дојран и 19 степени во Демир Капија.

-Утрово и понатаму преовладува облачно време со локален дожд. Во југозападните и југоисточните делови понекаде има делумно намалување на облачноста. Дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти УХМР.

Во текот на денов ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 25 степени.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена