Поврзи се со нас

Македонија

Објавен јавен повик од 250 милиони евра за проекти на општините

Објавено

на

    До крајот на годинава, на општините ќе им бидат на располагање шест милијарди денари од 250-те милиони евра што треба да бидат наменети за развојни проекти на општините. Јавниот повик за аплицирање на општините за инфраструктурни проекти е веќе објавен и направен врз основа на претходно утврдени критериуми и процедури на Министерството за транспорт, за животна средина и просторно планирање, образование и наука, социјална политика, демографија и млади, спорт и Министерството за култура и туризам.

    Според премиерот Христијан Мицкоски, овие средства ќе имаат директно влијание за зголемување на економскиот раст и развој на општините и зголемување на квалитетот на живот на граѓаните.

    „Испраќам апел што е можно повеќе општини, независно од политичката припадност на градоначалниците, да учествуваат на овој повик. Ние сме Влада на сите граѓани и нашата цел е да се подобри животот на сите граѓани. Овие пари значат повеќе проекти, решенија за нови улици, булевари, училишта, градинки, канализации, сè она што во суштина им е потребно на граѓаните“, рече Мицкоски.

    Министерот Перински посочи дека средствата ќе бидат оперативни од октомври и дека ќе бидат ставени на наменски сметки преку шест министерства од каде ќе се префрлаат на наменска сметка на локалните самоуправи. Парите се обезбедени со Ребалансот на буџетот.

    Локалните самоуправи можат да аплицираат со еден или повеќе инфраструктурни проекти од областа на културата, спортот, животната средина, патната инфраструктура, како и од областа на социјалната политика и образованието.

    Рокот за пополнување на апликативниот формулар е седум дена и општините треба да го достават до Министерството за локална самоуправа. Потоа, во рок од десет дена, целосната проектна документација општините се доставува до ресорното Министерство од областа на проектот каде ќе се врши евалуација.

    „Евалуацијата се очекува да заврши во рок не подолг од десет дена и врз основа на неа ресорните министерства подготвуваат предлог одлука за тоа кои проекти ќе се финансираат од нивната област и таа предлог одлука се доставува на усвојување на владина седница“, рече Перински.

    Средствата ќе се доделат преку Министерството за култура и туризам, Министерството за транспорт, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за спорт.

    Целиот процес, нагласи министерот Перински ќе го следи владино Координативно тело.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 33 минути

    Самоизолација и здравствен надзор за двајцата заболени од мајмунски сипаници

    Гостиварпред 2 часа

    Гостиварско Здуње доби реконструиран главен пат

    Гостиварпред 4 часа

    11 специјализанти почнаа со работа во болницата во Гостивар

    Македонијапред 6 часа

    Епидемиологот Даниловски со објаснување за „мајмунските сипаници“-Симптоми, пренесување, заштита

    Гостиварпред 7 часа

    Лишено од слобода лице за напад врз сопругата во центарот на Гостивар

    Македонијапред 9 часа

    Викенд временска прогноза

    Македонијапред 18 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 21 час

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 22 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена