Македонија
Објавен јавен повик за финансиска поддршка на компании

Министерството за економија и труд денеска објави јавен повик за поддршка на развојот, одржувањето и спроведувањето на општествено прифатливи практики на деловните субјекти, дел од Програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествената одговорност за 2024 година, соопшти Министерството.
Со оваа мерка се надоместуваат дел од трошоците од страна на Министерството за економија и труд за развојот, одржувањето и спроведувањето на општествено прифатливи практики на деловните субјекти, во износ од 2.000.000 денари.
На Јавниот повик може да аплицираат деловните субјекти регистрирани во Република Северна Македонија, кои имаат воспоставено/стекнато сертификат/се ресертифицирани со сертификат/ имаат изготвено извештај за системите за управување со општествена одговорност во текот на 2023 и 2024 година според стандардот SA 8000 и или извештајот од: BSCI/SMETA/GOTS/STEP, или стандардот ESG (Environmental, Social and Governance (ESG) standard).
-Министерството за економија и труд ќе ги надомести трошоците за воспоставување/стекнување/ресертификација со сертификат/извештај за системи за управување со општествена одговорност, според стандардот SA 8000/извештај од ревизија според: BSCI/SMETA/GOTS/STEP, во износ од 60% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 200.000,00 денари поединечно за секој барател на средства. Ќе се компензираат само докажаните трошоци за воспоставување/стекнување/ресертификација, направени во 2023 и 2024 година, како и за изготвувањето на извештајот за практиките Environmental, Social and Governance (ESG), во висина од 60% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 200.000,00 денари по барател на средства, се вели во соопштението.
Во него се додава дека ќе бидат надоместени само докажаните трошоци за изготвување на извештајот/сертификацијата направени во 2023 и 2024 година. Од Министерството посочуваат дека продолжуваат да бидат поддршка на бизнисите.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос