Македонија
Објавен конкурс за воени пилоти
Министерството за одбрана и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ објавија конкурс за запишување на осум слушатели на стручно оспособување и усовршување на родот авијација. На конкурсот може да се пријават граѓани кои имаат завршено високо образование и не се постари од 28 години. При приемот во предвид ќе се зема успехот на кандидатите од завршеното образование и ќе се вршат проверки за физичка подготвеност.
„Натамошната селекција се состои од проверка на познавање на англискиот јазик, здравствени проверки и селекција на земја и во воздух која се врши во Центарот за обука на пилоти, кој претставува еден од најусовршените центри за обука на пилоти во регионот. Овој конкурс отвора уникатна можност за секој млад граѓанин на Македонија да ги тестира своите можности, капацитети и знаење и да биде воен пилот во Армијата на Република Македонија“, се наведува во соопштението.
Крајниот рок за пријавување е 26 октомври. Целиот конкурс може да го погледнете на следниот ЛИНК
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград