Вести
Објавен оглас за субвенции за печки на пелети – може да добиете до 500 евра
Министерството за економија објави оглас за доделување субвенции за печки на пелети. Право да аплицираат имаат граѓаните кои имаат купено печки на пелети во своите домови, во периодот од 1 септември до 12 декември 2018 година. Висината на субвенциите изнесува до 50 отсто од сумата платена за печката, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност.
Заинтересираните треба да пополнат барање, кое може да се најде на веб страната на Министерството и да достават фискална сметка или фактура, изјава заверена на нотар, копија од лична карта и трансакциска сметка. Доделувањето на поддршката ќе биде по принципот „прв дојден – прв услужен”. Повеќе детали може да најдете ОВДЕ.
Огласот е во рамки на Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. Планирано е субвеници да добијат 230 домаќинства. Краен рок за пријавување е 12 декември.
-
Гостиварпред 3 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград