Гостивар
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
Агенцијата за вработување денес (26 февруари) објави јавни повици од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2024 година. Еден од нив е Поддршка за самовработување со доделување на грант за невработени со намена за отворање сопствен бизнис.
Како што е наведено во огласот, мерката опфаќа: oбука за „Претприемништво и развивање на бизнис вештини“, ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите и грант во износ од 369.000 денари по корисник.
Право на аплицирање имаат: невработени млади лица до 29 години, невработени лица со попреченост, невработени лица – мажи до 60 години и жени до 58 години, жени-жртви на родово базирано насилство и жртви на семејно насилство, невработени лица кои сакаат да го формализираат својот бизнис-мажи до 60 години и жени до 58 години, невработени лица Роми – мажи до 60 години и жени до 58 години и невработени лица повратници (повратниците од странство припадници од Ромската заедница и други лица во ризик од социјално и економско исклучување)
Пријавите се поднесуваат во Центарите за вработување, каде невработените може да добијат и повеќе детали за огласите.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија