Поврзи се со нас

Македонија

Објавени два јавни повика за субвенции за компании од вкупно 530.000 евра

Објавено

на

    Министерството за економија и труд денеска објави два јавни повика согласно Програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествена одговорност за 2024 година. Како што објави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, годинава за оваа Програма се обезбедени вкупно 32.500.000 денари или 530 илјади евра за субвенции за компаниите.

    Компаниите од денеска може да аплицираат за две мерки и да добијат финансиска поддршка и тоа:

    1.Јавен повик за поддршка за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти од преработувачка индустрија  – развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар

    2.Јавен повик за надомест на дел трошоците за лаборатории

    За јавниот повик за поддршка за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти од преработувачка индустрија  – развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар предвидени се 6.500.000 денари.

    На јавниот повик може да алицираат компании од преработувачката индустрија кои имаат најмалку 5 вработени лица, и да нема добиено финансиска поддршка од државата за истата активност во изминатите две години.

    Компаниите може да аплицираат за пет мерки на овој јавен повик и тоа: за изработка на стратегија за извоз  и/или студии за истражување на пазарот и/или       маркетинг стратегија и/или  активности за развој на  бренд за извозно ориентирани деловни субјекти; набавка, имплементација, сертификација и обука за хоризонтални стандарди; хармонизирани и други стандарди и стандардизациски документи од областа на преработувачката индустрија, потребни за интернационализација и поголема конкурентност; надоместување на дел од трошоци за официјални такси за регистрација во меѓународни институции (WIPPO, EPO, EUIPO и други) за меѓународна заштита на правата на индустриска сопственост; соработка меѓу деловните субјекти и универзитетите за истражување, развој и иновации (користење на лабораториите при универзитетите за испитување и истражување, изработка на проектна документација за подобрување на технолошкиот процес и производ, стручна анализа и консултација, специјализирана обука, подготовка и објава на заеднички анализи и трудови во стручни списанија и сл.) и надоместување на дел од трошоци за дигитална трансформација на компаниите: развој/набавка на дигитални решенија за поддршка на бизнисот и производството, систем за компјутерска безбедност, дигитален маркетинг.

    Министерството за економија и труд го надоместува делот на трошоците во висина од 50% од докажаните трошоци на барателот, но не повеќе од 300.000,00 денари.

    За јавниот повик за надомест на дел трошоците за лаборатории обезбедени се вкупно 3.000.000 денари.

    На јавниот повик може да аплицираат компании кои се во секторот за техничко испитување и анализи и  организационите единици при факултетите, кои се бават со оваа дејност.Eден барател може да поднесе пријава и барање само за една активност. Корисник на субвенција не може да биде деловен субјект кој добил државна помош за иста активност во претходната година.

    Лабаториите може да аплицираат за акредитација и проширување на акредитација на постоечки лабаратории за: набавка на стандарди/технички спецификации за лабораториски методи , консултански услуги за имплементација на ISO 17025, обука за примена на методи од опсегот на акредитација, учество на меѓународни семинари за PT шеми, акредитационен аудит со Институтут за акредитација на Република Северна Македонија или надзорен аудит со Институтут за акредитација на Република Северна Македонија.Оваа мерка се однесува и за набавка на опрема за лаборатории за пуштање на пазарот на квалитетни и безбедни производи во делот на доопремување на лаборатории и обука за ракување со опремата и калибрација на опремата.

    Во соопштението се истакнува и дека Министерството за економија и труд надоместува дел од трошоците во висина од 50% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 400.000,00 денари поединечно за секој деловен субјект барател на средства, согласно расположивите средства.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 9 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 12 часа

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 13 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Македонијапред 17 часа

    За случајот „Онкологија“ обвинети двајца екс директори и четворица лекари

    Македонијапред 18 часа

    Просечната плата во март 44.763 денари, објави ДЗС

    Гостиварпред 20 часа

    Огнен Аќимоски од Гостивар освои 1 место на државниот натпревар по географија со максимални 100 поени

    Гостиварпред 22 часа

    Економското училиште во Гостивар ги промовираше образовните насоки – По 3.500 денари стипендија месечно за секој ученик

    Светпред 23 часа

    Силен земјотрес во Грција, издадено предупредување за цунами

    Видео емисиипред 2 дена

    ВИДЕО | Дојди во Врбен – Во прегратка на планината, во душата на зеленилото!

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена