Поврзи се со нас

Македонија

Објавени јавните повици за финансирање на земјоделски производители на храна

Објавено

на

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска на својата веб страница објави два јавни повика за финансиска поддршка на земјоделски производители на храназа производители на храна од животинско потекло и за производители на храна од неживотинско потекло.

Крајниот рок за доставување на барањата е 25 дена од денот на објавување на јавниот повик или заклучно со 2 април 2023 година.

– Предмет на овие јавни повици е реализација на средствата утврдени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 282/22), раздел 14001 – Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, програма 3 – Земјоделство и рурален развој, потпрограма 34 – Рурален развој, ставка 489 – Капитални субвенции за претпријатија и невладини организации во износ од 17 500 000 денари кои ќе се користат за доделување неповратна финансиска поддршка за инвестиции во опрема, основни средства и услуги кои имаат за цел: остварување на додадена вредност во примарното производство, развој на производи со традиционални карактеристики и зголемување на конкурентноста, како и развој на семејни бизниси од областа на производство на храна од животинско и неживотинско потекло, наведува МЗШВ.

Право на учество на јавните повици имаат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и да се регистрирани или евидентирани како оператори со храна од животинско, односно неживотинско потекло, согласно Правилниците за барањата за условите и хигиена за производство и ставање во промет на храната од животинско потекло односно неживотинско потекло, наменета за директно снабдување, локализирана активност, во географски или економски ограничувања, како и општите и посебните барања за примена на традиционални методи на производство, преработка и дистрибуција на храна со традиционални карактеристики за храна од животинско или неживотинско потекл во Агенцијата за храна и ветерина.

Барањата кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Висината на финансиската поддршка согласно оваа програма изнесува до 600.000,00 денари по корисник без вклучен ДДВ за следните намени: трошоци за набавка на опрема за производство на храна (доработка и преработка на примарни земјоделски производи) во висина до 90 отсто и/или трошоци за ангажирање на стручно лице (технолог за производство на храна) во висина до 10 отсто од вкупниот износ од висината на финансиската поддршка по корисник.

Финансиската поддршка согласно Програмата за финансирање на земјоделски производители на храна за 2023 година, се остварува со поднесување на Барање до Министерството за неповратна финансиска поддршка. Барањето се доставува во еден оригинален примерок во писмена форма заверен и потпишан од страна на барателот. Еден корисник може да поднесе само едно барање за доделување на финансиска поддршка согласно Програмата.

Барањето заедно со документите се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. „Аминта трети“ број 2, 1000 Скопје или со предавање во архивата на министерството секој работен ден 9.00 до 15.00 часот. Сите детални информации како и документи за превземање за двата повици достапни се на следните линкови:  ЛИНК1 и ЛИНК2.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 7 часа

„Wind Down“: TikTok со новитет за подобар сон и дигитален баланс

Светпред 10 часа

Пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Спортпред 12 часа

Македонските кошаркари во група во Унгарија и Романија во мундијалските претквалификации

Светпред 14 часа

Укинувањето на сезонско сметање на времето е сѐ уште во игра

Гостиварпред 15 часа

Седница на Советот на Гостивар за финансиите на општината и јавните претпријатија во 2024-та година

Занимливостипред 16 часа

Среќен Пи (π) ден – роденденот на најпознатата математичка константа!

Гостиварпред 17 часа

Проблемот со кучињата скитници во Гостивар стаса до општинскиот Совет

Гостиварпред 18 часа

Девојка од Гостивар пријавила дека братот противправно ја држел затворена во домот

Светпред 19 часа

Голем студентски протест утре во Белград, властите предупредуваат на можни немири

Гостиварпред 3 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 2 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Рецептипред 4 недели

Војнички грав – Легендарниот вкус од војничкиот казан на ЈНА

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 7 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена