Поврзи се со нас

Култура

Објавени резултатите од годишниот конкурс за проекти од култура за 2023

Објавено

на

Буџетот за поддршка на проекти во културата за оваа година изнесува 12,5 милиони евра, информира на денешната прес-конференција министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Министерката посочи дека 2023 е година на значајни јубилеи и годишнини, а соодветните комисии, како што рече, поддржаа квалитетни проекти во пресрет на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, година на Ацо Шопов, 120 години од Илинденското востание, 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ од Крсте Мисирков и 70 години од основањето на Институтот за македонски јазик, кој го носи неговото име.

Аплицирањето за годишните конкурси за финансирање проекти, како што посочи министерката, за првпат се спроведе на националниот портал за е-услуги и за првпат решенијата за прифатени, одбиени и отфрлени проекти ќе бидат електронски испратени на профилот на корисниците.

-Во електронскиот систем се евидентирани 3 355 релевантни пријави, поради нецелосна документација во согласност со општите услови од конкурсот административно се отфрлени 332 пријави, има и примери кога апликантите не ги насочиле своите проекти во вистинска дејност и аплицирале во дејност каде не припаѓаат, а има и неколку случаи кога наместо документ за тековна состојба на правно лице не постара од шест месеци бил прикачен празен лист, и неколку случаи каде не бил активен статусот на здружението, рече Костадиновска-Стојчевска.

Со целосно аплицирање на електронски начин, како што додаде, значително се зголемила ефикасноста на работата при административната селекција на проектите. Оваа година е избегната практиката констатирана претходно, проекти со нецелосна документација да бидат предмдет на разгелдување од страна на комисиите.

Резултатите од конкурсите се објавени на веб-страницата на Министерството за култура.

-Комисиите кои одлучуваа во врска со пријавите по дејности, останаа доследни на принципите – квалитет на проектите, нивното значење за јавниот интерес во културата, нивната релевантност за потребите на граѓаните, поддршка на младите и стимулирање на нивната креативност, поддршка на проекти наменети за деца, поддршка на културите на етничките заедници, поддршка на проекти за ранливите и маргинализираните, како и принципот на родова еднаквост. Комисиите внимавале да поддржат проекти и од подносители кои досега не користеле средства од буџетот на Министерството за култура. Поддржани се проекти со интеркултурен карактер и проекти што одат во полза на деметрополизација на културата. Секако, и проекти кои ја афирмираат нашата култура и уметност надвор од границите, додаде Костадиновска-Стојчевска.

Исто така, како што напомена, поддршка добија и јубилеите како што се 115 години од раѓањето на Коста Рацин, 120 години од раѓањето на уметникот Никола Мартиноски, како и 75 години на сцената КУД „Емин Дураку“ и КУД „Јени Јол“.

-Во извештаите на комисиите, евидентна е нивната цел, во рамките на предвидениот буџет, да направат квалитетна и правична селекција, да ги поддржат манифестациите со подолга традиција, континуитет и докажано реноме, како и проекти кои во изминатите неколку години предизвикале поголем интерес и внимание кај публиката. Тоа беше и цел и очекување од годинашниот конкурс.Со годишната програма продолжува финансирањето на заштитата на културното наследство, со приоритет на она што е во опасност, како и заштитата и дигитализацијата на аудиовизуелни добра, потенцираше Костадиновска-Стојчевска.

-Верувам дека избраните проекти ќе бидат додадена вредност во перцепцијата на културата, но и поттик за нашите уметници и автори да продолжат со вложување во својата професионална кариера. Тоа е и моја лична заложба и на Министерството за култура. Посакувам успешна реализација на проектите и очекувам следната година да имаме континуитет во креативната и квалитетна понуда, која ќе остане во трајната меморија на македонското општество, додаде министерката за култура.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена