Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсите за доделување на студентските стипендии, како и резултатите од повторните конкурси за доделување на неколку категории на стипендии за ученици од средните стручни училишта, кои беа воведени за прв пат во оваа учебна 2020/2021 година, како дел од планот за проширување на поддршката кон средношколците и за поголема популаризација на средното стручно образование.
Листите може да ги најдете на следните линкови:
СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИ
СТИПЕНДИИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ
Добитниците на стипендии треба да испечатат и пополнат три примероци од договорот за соодветната стипендија и заедно со копија од лична трансакциска сметка, најдоцна до вторник 22.12.2020 година да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје). Прием на документите ќе се врши и во сабота 19.12.2020 година.
Добитниците на стипендија кои нема да достават договор во предвидениот рок ќе се смета дека се откажуваат од правото на користење стипендија.
Одбиените кандидати пак, ќе имаат можност за приговор во соодветен рок, откако на адресата која ја имаат посочено при аплицирањето ќе добијат решение од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.