Поврзи се со нас

Вести

Обложувалниците полни со малолетници – казните се од 4000 до 5000 евра

Објавено

на

Малолетниците „дремат“ по обложувалниците низ Гостивар. Иако е противзаконски, често, а некои од нив и секојдневно, уплаќаат спортска. Така децата од мали нозе имаат допир со коцкањето, што можеби навидум се чини наивно, но може да повлече негативни последици во натамошниот живот.

Законот за игри на среќа забранува учество на малолетни деца во коцкање. Тука, освен спортската прогноза спаѓаат и казината, томболите од затворен тип и автомат клубовите.

Согледувајќи ги актуелните состојби со обложувалниците на подрачјето, Секторот за внатрешни работи Тетово ги повика родителите и нивните деца да се воздржат од посетување на кладилници. Истовремено, упати предупредување до  приредувачите на игри на среќа, да не дозволуваат учество на малолетници.

Во текот на наредниот период, како мерка на превенција, полицијата планира да спроведе средби и предавања наменети за родителите и децата.

„Секторот за внатрешни работи Тетово ќе реализира бројни превентивни активности, најмногу од информативно-едукативен карактер, во координација со училиштата, урбаните и месните заедници. Малолетниците, односно нивните родители поблиску ќе бидат запознати со законските импликации од посетување на обложувалници или казина и од нивно учество во различните видови игри на среќа“, најави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Казната за обложувалница што овозможила и дозволила деца да уплаќаат спортска прогноза се движи од 4 до 5 илјади евра.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Што, како, каде?!пред 1 недела

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 4 недели

Јаневска: Крајно неразумно е да се запре законот за средно образование кој не е менуван повеќе од 20 години

Гостиварпред 1 недела

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement
Advertisement

Следете нѐ

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена