Вести
„Обратна микробранова“ што го лади пијалокот за неколку минути
Микробрановите печки ги користи речиси секое домаќинство и знаат добро да се најдат кога е неопходно некое јадење да се подгрее набрзина. Поаѓајќи од тоа сознание, една калифорниска компанија создаде уред, којшто може да излади пијалок за само неколку минути.
Овој изум „обратната микробранова печка” е наречен “Juno” и прв пат беше претставен пред јавноста на овогодишната конвенција на “CES”. Уредот користи термоелектричен мотор за ладење кој ја струи водата околу пијалакот со голема брзина, со што се намалува неговата температура. За сега, претставен е прототип кој може да излади само еден пијалак, но компанијата планира да го оспособи и за повеќе пијалоци одеднаш.
Стаклено шише пиво го лади за 1 минута, шише вино го лади до идеална температура за 3 минути, додека лименка газиран пијалак за 2 минути. Изумителите велат дека пијалокот може да се конзумира штом излезе од “обратната микробранова печка”, без страв дека газираното ќе „експлодира“. Тоа може да се види и во видеото.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград