Поврзи се со нас

Македонија

Образование-Едниот синдикат најавува штрајк, другиот преговара за зголемување на платите

Објавено

на

    Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) најави штрајк во училиштата во текот на септември за повисоки плати на вработените во образованието и за почитување на колективниот договор. Претседателот на НСОН, Томислав Гиевски, за МИА изјави дека активно работат на терен и се во преговори со училишта за окрупнување на членството за да постигнат репрезентативност и да покренат штрајк.

    Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), пак, не е за штрајк и со Министерството за образование и наука веќе преговара за зголемување на платите. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, за МИА изјави дека поддржуваат сѐ што е конструктивно и аргументирано. Соопшти дека со МОН се во преговори за покачување на платите од септември за дополнителен процент на најавените 10 отсто што вработените во образованието треба да ги добијат со Општиот колективен договор (ОКД).

    Гиевски од НСОН посочи дека за штрајк ќе се организираат во текот на септември и веќе испратиле повик до сите колективи во училиштата и се во преговори со нив, како што рече, да им ја дадат довербата за покренување штрајк. Нагласи дека НСОН е подготвен за штрајк, но треба да имаат повеќе членови односно дваесет отсто од вработените во секое училиште.

    „Не само што размислуваме за штрајк, туку ако ја постигнеме бројката ќе има штрајк и сме 100 проценти сигурни во тоа. Има огромни можности во септември да ја постигнеме бројката и да го почнеме штрајкот поради непочитување на колективните договори. Плата добиваме по 10-ти во месецот и е многу пониска од таа што треба да ја добиваме. Просветен работник во ниеден случај не смее да добива плата која е пониска од републичкиот просек“, изјави Гиевски и додаде дека и со 10-те отсто покачување на платите од септември, согласно Општиот колективен договор, платата ќе им биде пониска од просечната во државава.

    На прашањето дали министерот за образование и наука е запознат со нивните барања и со одлуката за штрајк, Гиевски одговори дека средба со Јетон Шаќири имале пред околу два и пол месеца кога начелно, како што рече, ги отвориле сите теми и министерот им одговорил дека писмено ќе ги извести откако ќе разговара со правната служба. Повторна средба со министерот, пред почетокот на учебната година, рече, не побарале.

    „Тогаш не добивме никаков одговор, а бевме известени дека ќе го добиеме за една недела. Сега сме известени дека е на одмор, ќе побараме средба, но во моментов сме максимално посветени на колегите што нѐ бараат да имаме состаноци“, додаде претседателот на НСОН.

    Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, пак, смета дека не постојат реални услови за штрајк за такви барања кои се наведени како причина, ниту барањата, рече, се со таква тежина за да не може да се уредат со преговори.

    Неделков за МИА изјави дека СОНК е во континуирани преговори со Министерството за образование и наука просветните работници со септемвриската плата да добијат дополнително покачување од оние 10 отсто што ќе им следуваат со ОКД. Исто така, очекува наскоро да биде потпишан и нов колективен договор за основно и средно образование со што, рече,  ќе се уредат многу права на вработените во дејноста образование.

    Дополнителното покачување е сигурно, нагласи Неделков, и СОНК преговара со МОН колкав да биде процентот.

    „Тие даваат толку колку што даваат, ние бараме повеќе. Да видиме каде ќе се сретнеме и затоа не би сакал да шпекулирам со проценти во јавноста“, додаде Неделков.

    Во однос на барањата на НСОН, одговори дека „СОНК ќе поддржи сѐ што е конструктивно и што држи вода“, но смета дека тој образовен синдикат „погрешно толкува одредби од колективен договор“ кога  тврди дека тие се кршат.

    -Тврдат дека минималната плата треба да се множи со соодветен коефициент на сложеност на работно место, што апсолутно така не пишува во колективниот договор. Ние сите би биле пресреќни да беше така, но не е така. Во јавноста се пушта таква шпекулација и се обвинува СОНК дека е сојузник на непочитување на колективниот договор. Да било така, досега барем еден член ќе тужел и ќе добиел. Но, никој не тужи од причина што не е така, изјави Неделков.

    Во однос на ниските плати на просветните работници, што е исто така основа на мотивот на НСОН за покренување штрајк, Неделков рече дека „не би ја фалел Владата дека направила многу за вработените во образованието“, но дека СОНК, сепак, издејстувал 10 проценти покачување во 2020 година, 18 проценти во 2022 и ново покачување оваа година што ќе биде над 10 проценти.

    -Факт е дека има инфлација, високи цени и платите се потпросечни, меѓутоа тоа што ние како синдикат континуирано го работиме треба некој да го цени. Не е доволно, но дали ние како синдикат сме виновни што платите од памтивек биле ниски и сега наеднаш, дефинитивно, не може да се исправи таа неправда, рече претседателот на СОНК.

    На прашањето од МИА за став во врска со намерата за штрајк на еден од образовните синдикати, Министерството за образование и наука  одговори дека „во моментов најмалку се потребни нови грижи за учениците и прекинување на нивниот воспитно-образовен процес“, имајќи предвид, како што наведе, дека е загубено многу од наставата во изминатите години поради КОВИД-пандемијата и штрајкот од минатата учебна година.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 4 дена

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Македонијапред 4 недели

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Светпред 3 недели

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Пчеларката Весна од Гостивар и нејзините вредни пчелки

    Што, како, каде?!пред 4 недели

    „Ла Шишко 3“ со повторно отворени врати за љубителите на слатки задоволства

    Гостиварпред 4 недели

    „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт на Велики Четврток

    Културапред 4 недели

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Културапред 4 недели

    Изложба на фотографии со културното наследство на Гостивар – Да се знае, почитува и чува!

    Гостиварпред 4 недели

    Гостиварски театар ги подготвува претставите „Манијак“ и „Цилиндар“

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена