Во рамки на подготвителните активности за престојниот Референдум, Државната изборна комисија денес во Гостивар спроведе обука за повеќе Општински изборни комисии од регионот. Претставниците на ОИК се потсетија на своите обврски, надлежности и начините на постапување пред, за време и по завршување на гласањето. Посебен дел од обуката беше посветен на Избирачките одбори и новините кои се вметнати во работата на изборните комиси.
„Новина е што Избирачките одбори се составени од шест члена и за разлика од претходните изборни процеси, политичките партии немаат свои претставници. Исто така, на денот на гласањето Државната изборна комисија ќе има известувања шест пати, а не како претходно трипати. Термините на известување се: 9, 11, 13, 15, 17 и 18.30 часот“ изјави Дитмире Селмани, потпретседател на ДИК.
Претставниците на Државната изборна комисија, на почетокот од обуката им порачаа на присутните од Општинските изборни комисии, во спроведувањето на референдумскиот процес, да ја остават политиката настрана. Што се однесува до подготовките, според потпретседателката Селмани, до сега се запазени сите рокови.
Денешната обука беше наменета за Општинските изборни комиси на Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, Кичево, Дебар и Центар Жупа.
error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!
Оваа страница користи колачиња (cookies), за да осигураме дека ви го даваме најдоброто пребарувачко искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со тоа. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме и управуваме со колачињата, можете да прочитате на Политика за колачиња.OK