Поврзи се со нас

Вести

Обуки во Шпанија и Хрватска – Проектите можност за нови искуства и знаења за учениците од средното техничко во Гостивар

Објавено

на

Изминатиот период ученици и професори од средното техничко училиште во Гостивар имаа можност да престојуваат на обуки во Хрватска и Шпанија, каде што стекнуваа нови искуства, пријателства и знаења. Ваквите студиски посети се реализираат во рамки на проектите GEAR и Продолжете да се насмевнувате и споделувајте, кои училиштето ги спроведува преку програмата Еразмус плус.

Во таа насока е формиран и Клуб по англиски јазик во кој членуваат средношколци од македонски, албански и турски паралелки кои имаат заеднички активности.

Придобивките од овие проекти се многу значајни за учениците и за професорите, вели професорката Северџан Вишка, координатор. Се добиваат можности за надополнување на знањето, за усовршување на англискиот јазик, запознавање со други култури, како и зближување на самите средношколци од различни етнички заедници.

„Учениците се запознаа, соработуваа и учеа на разни теми на англиски јазик. Освен тоа, патувањето во Шпанија на пример, им беше можност да научат да се снајдат во една метропола како Мадрид, да користат мапи, комуницираа и имаа задачи да интервјуираат луѓе, да прибираат информации. Посетија многу музеи, знаменитости, научија за тамошната културата, храната, обичаите, книжевноста. Ние се гружевме дека ќе испуштат од настава, но всушност тие стекнаа многу нови знаења и убави искуства“, вели професорката Вишка.

Вчера училиштето за потребите на клубот по англиски јазик доби донација од техничка опрема како лаптоп, проектор, озвучување, неколку таблети и слично во висина од околу 2.500 евра.

Проектите продолжуваат и следната учебна година. Есенва нова група ученици ќе учествува на обуки во Шпанија.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Гостиварпред 55 минути

За три пати зголемен бројот на заболени од грип во земјава, во Гостивар 66 новозаразени

Македонијапред 1 час

Даночно намалување кај данокот на личен доход и данокот на добивка

Македонијапред 3 часа

Толку од „новогодишната кошничка“, какви ќе бидат цените од денес?

Здравје и убавинапред 4 часа

Што влијае на растот на косата и ноктите: генетика, исхрана и животни навики

Здравје и убавинапред 18 часа

Расолница – природен еликсир за вашето здравје

Светпред 20 часа

Албанија ќе го забрани увозот на возила произведени пред 2011 година

Гостиварпред 22 часа

За две недели 677 деца прегледани на педијатрија во Гостивар, сепак снегот деновиве ги стиши вирусите

Гостиварпред 23 часа

Совети и едукативни летоци од полицијата за возачите во Маврови Анови

Македонијапред 23 часа

Протестите на јавната администрација да не се политизираат, повика УПОЗ

Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Македонијапред 4 недели

Метео предупредување-Денови со снег, дожд и силен ветер

Гостиварпред 1 недела

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена