Гостивар
Обвинение против две лица фатени со 30 килограми марихуана на патот Гостивар–Тетово

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поднесе обвинителен акт против две лица – 31-годишник од Арачиново и 22-годишник од Брест, кои се товарат за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Покрај ова, првообвинетиот се гони и за кривично дело „предизвикување општа опасност“ согласно член 288 став 1 од Кривичниот законик.
Како што информира обвинителството, двајцата соизвршители, на 24 март, во автомобилот неовластено заради продажба држеле 30 килограми и 15 грама марихуана. Кога пристигнале на наплатна рампа на автопатот Гостивар-Тетово, полициски службеници се обиделе да ги запрат за проверка по претходна дојава. Но, првообвинетиот возач на автомобилот додал гас, обидувајќи се да се даде во бегство, при што удрил во полициско комбе кое му го попречило патот. Со ова тој предизвикал општа опасност на место на кое во моментот имало повеќе луѓе.
Полициските службеници пукале во тркалата на автомобилот и успеале да го онеспособат за движење и да го запрат. Обвинетите веднаш биле приведени, а дрогата запленета.
Јавниот обвинител поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!