Поврзи се со нас

Македонија

Обвинение за проневера на 13,5 милиони евра за изградба на театарот во Тетово

Објавено

на

    Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по спроведена сеопфатна истражна постапка денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице и Обвинителен предлог против едно правно лице и три физички лица за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово, информираат од Обвинителство.

    Во периодот од 2014 до 2020 година во Тетово, првообвинетиот С.Ш. како сопственик и управител на обвинетото правно лице од Тетово, заедно и по претходен договор со третообвинетиот Х.Ф. тогашен директор на Националната установа – Центар за култура „Иљо Антески – Смок” – Тетово и со четвртообвинетиот А.А. – претседател на Комисијата за јавни набавки, а потоа и ВД директор на Центарот за култура, свесно ги изигрувале прописите и правилата на постапката за доделување на договорот за јавна набавка и ја злоупотребиле својата службена положба и овластување.

    Со дејствија што, како што информираат од ЈОРСМ, претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, обвинетите за второбвинетото правно лице оствариле имотна корист од големи размери во износ од 832.983.064,00 денари.

    • Искористувајќи исти прилики преземале повеќе временски поврзани дејствија на прифаќање усогласени понуди, времени и завршни ситуации со кои целосно бил променет предметот на договорот што се намалил од договорените 22 позиции и завршување на објектот до фаза „клуч на рака“, во завршување на само 4 позиции во фаза „затворена карабина“ без притоа да има одобрен проект за истото. Воедно, ја зголемувале вредноста на проектот, а за да ја оправдаат склучиле 12 анекси на договорот, со што бил исплатен износ за 138.488.064,00 денари повеќе од првично договореното и од предвидените материјални средства за таа намена. Со така склучените анекси, иако постапката била неделива, го поделиле и го измениле предметот на склучениот договор од фаза „клуч на рака“ во фаза – затворена карабина и на тој начин овозможиле во иднина да се водат две нови постапки за јавни набавки и да се доделуваат нови договори за доградба – втора фаза, со што овозможиле корист за потенцијалните економски оператори во дополнителните постапки, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

    Во 2018 и 2021 година спровеле нови постапки за јавни набавки – едната за изработка на проектна документација фаза ентериер за објект во изградба и втората со предмет на договор – Втора фаза за изградба на нов објект за Театар и библиотека Тетово. Со склучувањето на нови договори во вкупен износ од 1.345.917.098,оо денари без ДДВ извршиле процентуално надминување на вредноста на основниот договор со зголемување од 93% од договорената цена со основниот договор која изнесувала 694.495.000,оо денари без ДДВ.

    Дополнително, се вели во соопштението, со неизвршување на законските обврски за евидентирање и пријавување на даночни обврски и поради тоа што не изготвиле основен проект на изменета состојба, на штета на Буџетот на РСМ од средствата дополнително одобрени и наменети за проект и јавна набавка на ентериер за театарот, се задолжени и се исплаќаат значителни износи од 232.699.289,00 денари за данок на ДДВ, кој навремено не го евидентирале и пријавиле и од кој би биле ослободени.

    Петтообвинетиот Б.М. како главен надзорен инженер во правно лице ангажирано како надзорен орган при спроведување на договорот за јавна набавка од 2015 – 2020 година искористувајќи исти прилики, преземал повеќе временски поврзани дејствија на пропуштање должен надзор и на друг начин очигледно несовесно постапувал при вршење на неговите посебни овластувања. Тој ги потпишувал градежните дневници и книги со количини според основниот проект, овозможил да бидат потпишувани анекси на договори врз основа на претходно доставени времени и завршни ситуации и да биде извршен технички прием на објектот Театар и Библиотека Тетово, иако одредбите од Законот за градење претходно требало да биде изготвен Проект на изведена состојба врз основа на новата состојба на објектот со нови количини, а имајќи предвид дека конструктивниот систем бил целосно сменет, со нов проект требало да се бараат нови конструктивни и статички анализи на објектот. Како резултат на тоа што не бил изготвен Проектот на изведена состојба и немало решение за одобрување на измените што би било составен дел од одобрението за градење, не бил изготвен и Проект за употреба и одржување, па така објектот не може да се запише во јавните книги на недвижности. Со ваквите дејствија потешко ги повредил правата на НУЦК „Иљо Антески Смок “ – Тетово – Министерство за култура и туризам.

    Според деталниот опис содржан во диспозитивот на обвинението првообвинетиот С.Ш. и второобвинетото правно лице сториле продолжено кривично дело – Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство од чл.275-в од Кривичниот законик. Обвинетите Х.Ф. и А.А. сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 в.в. ст.1 в.в. сo чл.45 од КЗ и обвинетиот Б.М. сторил продолжено кривично дело кривично дело Несовесно работење во службата од чл. 353-в ст.4 в.в. ст.2 в.в. чл. 45 од КЗ.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 2 недели

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Гостиварпред 4 недели

    Прекин на водата утре во Гостивар, објави вечерва Комуналец

    Спортпред 4 недели

    Три злата и две бронзи за македонските борци на ММА турнир во Грција

    Рецептипред 4 недели

    Пролетна освежителна салата со јаболко и спанаќ

    Деца Родителипред 4 недели

    Шест корисни попладневни навики за децата кои одат во училиште и нивните родители

    Гостиварпред 3 недели

    Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска од Гостивар се зет и невеста на Галичка свадба 2025

    Спортпред 4 недели

    Ливерпул по 20-ти пат шампион на Англија

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Мајстор Рашит од Гостивар, прочуениот кројач со златни раце

    Писмапред 2 недели

    ПИСМА: Жители од зградите кај пазарот во Гостивар стравуваат од брзи возачи: Дали треба човечки живот да згасне за да се преземе нешто?

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена