Поврзи се со нас

Гостивар

Обвинителот пукал во воздух за да се спаси, ЈО со детали за случајот во гостиварско Чегране

Објавено

на

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против три лица – двајца полнолетни и еден малолетник, кои се осомничени за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 8 во врска со член 19 (во обид) и со член 22 (соизвршителство) од Кривичниот законик. Против двајцата полнолетни соизвршители донесена е Наредба за спроведување истражна постапка, а до Основниот суд во Тетово поднесен е предлог за определување мерка притвор. За малолетникот, пак, постапката ќе се води според Законот за правда на децата.

Тетовското обвинителство ја презеде постапката за да се обезбеди непристрасност на истрагата, со оглед на тоа што оштетениот е јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Гостивар.

„Во раните утрински часови на 21 ноември, осомничените соизвршители, заедно со малолетник на возраст од 17 години, се обиделе со умисла да го лишат од живот јавниот обвинител. Оштетениот со својот автомобил и негов роднина се движел по патот низ селото Чегране, а еден од осомничените бил застанат со автомобилот сред пат пред куќата на другиот осомничен. Во тој момент јавниот обвинител им блиндирал со светлата за да го ослободат патот. Откако оштетениот поминал со возилото, осомничените со автомобилот продолжиле да го следат, па кога застанал започнале да го навредуваат и агресивно да се однесуваат затоа што им блиндирал. Оштетениот им се претставил дека е јавен обвинител и дека доколку има потреба ќе повикаат полиција за да го расчисти настанот. Сите тројца осомничени започнале да го удираат, а малолетникот од џебот извадил нож со кој му задал убодна рана во задната десна страна од градниот кош. Потоа се обидел да го прободе уште еднаш. Гледајќи дека осомничените имаат намера да го довршат делото и да го лишат од живот, оштетениот извадил пиштол кој го поседувал со дозвола и испукал предупредувачки куршум во воздух со што ги запрел.“, соопшти обвинителството.

Како што веќе информираше Gostivarpress.mk судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово го прифати предлогот на јавниот обвинител и на двајцата полнолетни осомничени им определи притвор во траење од по 30 дена.​

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

сите дневни вести на Телеграм:

Гостиварпред 2 недели

Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ

Гостиварпред 4 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Гостиварпред 3 недели

Дорис Димовска, млада музичка надеж од Гостивар подготвена да ја освојува сцената

Македонијапред 3 дена

Денес се слави Петровден

Рецептипред 3 недели

Летен ручек, одличен за периодов на жештина кога се јаде помалку и полесна храна

Гостиварпред 3 недели

Повторно кражба на овци и јагниња во гостиварско село

Гостиварпред 4 недели

Вознемирувачки случај во гостиварско-Татко си ги нападнал ќерката и синот

Гостиварпред 3 недели

Во уникатната библиотека на гостиварецот Јанко Билбилоски: Ретки и први изданија, буквари, читанки, монографии…Полици кои сведочат за времиња, луѓе, настани

Гостиварпред 4 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 6 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 11 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

Вести

Prokurori ka shtier në ajër për të shpëtuar, PP me detaje për rastin në Çegran të Gostivarit

Објавено

на

Prokuroria themelorepublike Tetovë ka iniciuar procedurë kundër tre personave – dy të rritur dhe një i mitur, të cilët dyshohen për vepër penale – Vrasje nga neni 123 paragrafi 2 pika 8 lidhur me nenin 19 (tentativë) dhe nenin 22 (bashkëpunëtor) të Kodit Penal. Ndaj dy bashkëpunëtorëve të moshës madhore është lëshuar Urdhri për zhvillimin e procedurës hetimore, ndërsa në Gjykatën Themelore në Tetovë është dorëzuar propozim për caktimin e masës paraburgim. Për të miturin procedura do të zhvillohet sipas Ligjit për drejtësi të fëmijëve.

Prokuroria e Tetovës ka ndërmarrë procedurë për sigurimin e paanshmërisë së hetimeve, duke qenë se i dëmtuari është prokuror publik në Prokurorinë Themelore Publike në Gostivar.

“Në orët e hershme të mëngjesit të datës 21 nëntor, bashkëpunëtorët e dyshuar së bashku me një të mitur 17-vjeçar kanë tentuar me dashje të vrasin prokurorin publik. Viktima ka qenë duke vozitur veturën e tij me të afërmin e tij në rrugën nëpër fshatin Çegran, ndërsa njëri nga të dyshuarit ka qenë i parkuar në mes të rrugës para shtëpisë së të dyshuarit tjetër. Në atë moment prokurori publik i ka blinduar me drita për të liruar rrugën. Pasi viktima ka kaluar pranë veturës, të dyshuarit kanë vazhduar ta ndjekin në veturë dhe kur është ndalur kanë filluar ta ofendojnë dhe të sillen në mënyrë agresive për shkak se ju ka blinduar. I dëmtuari është prezantuar si prokuror publik dhe ka cekur se nëse është e nevojshme do ta thërrasin policinë për zbardhjen e ngjarjes. Të tre të dyshuarit kanë filluar ta godasin dhe i mituri nga xhepi i ka nxjerrë një thikë me të cilën e ka goditur në anën e pasme të djathtë të gjoksit. Më pas ai ka tentuar ta godiste sërish me thikë. Duke parë se të dyshuarit synonin ta përfundonin krimin dhe ta vrisnin, viktima ka nxjerrë një pistoletë të cilën e posedonte me leje dhe ka gjuajtur një plumb paralajmërues në ajër, i cili i ka ndaluar”, njoftoi prokuroria.

Gostivarpress.mk gjykatësi në procedurën e mëparshme nga Gjykata themelore në Tetovë ka pranuar propozimin e prokurorit publik që të dy të dyshuarve të moshës madhore t’ju përcaktojë paraburgim në kohëzgjatje prej 30 ditësh.

Сподели ја веста:

Популарно изминативе 100 дена