Поврзи се со нас

Гостивар

Обвинителство бара парична казна за гостиварец кој не го почитувал полицискиот час

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог за лице кое вечерта на 24 март, по 21 часот управувало со патничко моторно возило  по улиците на Гостивар, во период кога е на сила забраната за движење.

„Со тоа, обвинетиот за време на епидемијата на опасна болест COVID 19 не постапил според прописите и упатствата со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на коронавирусот и  го сторил кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи во време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.“, соопшти обвинителството.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар предложи на судот, на обвинетиот за стореното кривично дело да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби.

Висината на дневната глоба судот ја одредува имајќи ги предвид имотните и личните прилики на сторителот, тргнувајќи по правило од чистиот дневен приход што сторителот го остварува или може да го остварува, како и од семејните и други обврски на сторителот и неговата имотна состојба во времето на донесувањето на судската одлука. Најмалата вредност на дневната глоба е едно евро во денарска противвредност, а најголемата 5.000 евра во денарска противвредност.

Сподели:
Advertisement
1 Коментар

1 Коментар

  1. Ali

    26/03/2020 во 00:46

    Znaci 100 evra kazna..ccc togash nema nikoj da go poştuva policiskiot cas..rekovte 1 godina zatvor a sega 100 evra..

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!