Поврзи се со нас

Македонија

Обвинувања меѓу власта и опозицијата за настаните од 27 април

Објавено

на

Пленарната собраниска седница за пратенички прашања претпладнево се претвори во меѓусебни обвинувања за настаните од 27 април во Собранието.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски постави прашање поврзано со одлуката на Судот во Стразбур во корист на Елена Доцевска Божиновска и дали ќе биде покрената истрага за судиите кои, како што рече, „носеле одлуки, а знаеле дека ги прекршувале човековите права“.  На прашањето наместо премиерот одговори вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој рече дека ако Судот во Стразбур нашол грешка во делот на притворот, тоа не значи дека нашол грешка во осудителната пресуда.

„Тие што ги осуди Судот и што ја издржуваат казната многу добро разбираат во каква ситуација ги доведе ВМРО-ДПМНЕ и нивната партија и тоа е навистина жално“, рече Маричиќ, кој направи споредба со првата пресуда за настаните во Капитол Хил, по поразот на Доналд Трамп на претседателските избори во Америка.

Маричиќ нагласи дека со жалење констатира оти ВМРО-ДПМНЕ продолжува да манипулира со 27 април, со еден, како што рече, „срамен, грозен настан за македонската демократија и за овој законодавен дом“.

„Продолжува да релативизира, да си игра и со жртвите, но и со оние изманипулирани луѓе кои за жал вашата партија реши дента да ги искористи како жив штит и топовско месо, за денеска да се повикува на нивната мака и на нивната судбина“, рече вицепремиерот.

Тој потсети дека на 27 април по квалификација на Обвинителството и правосилната пресуда на првостепениот и второстепениот суд, се случи терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста согласно членот 313 од Кривичниот законик.

„Триесет и три лица беа обвинети, 15 од нив беа ослободени од кривична вина или ослободени од издржување на казната со Законот за амнестија, којшто беше донесен во декември 2018 година. Со тој закон, за којшто гласаше и ВМРО-ДПМНЕ, беа амнестирани оние кои не биле организатори, односно од Обвинителството не биле означени како организатори и оние кои не учествувале во насилство или пак не носеле оружје“, рече вицепремиерот.

Маричиќ се обрати кон пратеничката Жаклина Пешевска прашувајќи дали треба да се каже кој се беше амнестиран и чии роднини на пратеници што седат во овие клупи беа амнестирани.

„Знам дека не ви одговара оваа тема и дека многу ве нервира, меѓутоа јас за мојот образ секогаш можам да одговарам, а вие вашиот слободно да си го чувате“, рече Маричиќ.

Од место реагираше пратеничката Пешевска, но и други пратеници од опозицијата, а потпретседателот на Собранието Горан Мисовски посочи дека само пратеникот Бојан Стојановски има можност да одговори дали е задоволен или не е од одговорот.

Вицепремиерот Маричиќ продолжи со излагањето, прашувајќи ги пратениците од опозицијата како не им е срам да не се извинат и шест години по овој настан.

„Како не вие срам од шиените глави од вашите пратеници овде во Собранието, како можете се уште да мислите дека насилството е легитимно политичко средство за користење во Собранието“, рече Маричиќ, обвинувајќи дека биле спремни и да убијат.

Тој посочи дека обвинетите за овие настани се чувствуваат изманипулирани и излажани од ВМРО-ДПМНЕ и вовлечени во „еден пеколен план за кој не знаеле“.

„И тоа не е првпат. Парламентарните инциденти се специјалност на ВМРО-ДПМНЕ. За 24 декември има исто така пресуда во Стразбур за жртвите од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Маричиќ.

Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ во процедурална забелешка рече дека има повреда на редот на седницата, обвинувајќи го вицепремиерот за ароганција и додавајќи дека тој е должен да одговара на пратенички прашања, а не да се обраќа кон оние пратеници што не му поставиле прашање.

„Ако немате доволно конкретен одговор, подобро ќе беше времето да не го искористите воопшто, отколку да полемизирате со пратеници и да ни сеете европски вредности. За какви европски вредности ќе ни зборувате, кога и самиот признавте дека злоупотребувате европско знаменц“е, праша Стојановска.

На реакција на собранискиот потпретседател Мисовски, Стојановска рече дека вицепремиерот се обратил кон пратеничка која нема можност да му врати, а кон која како што обвини на таа пратеничка и „испраќаат уцени после 27 април“.

„Непристојни предлози само таа да ги прифати уставните измени. Дали се ова европски вредности и кој ја злоупотребува говорницата и ни кажува дека треба да учиме од примерот на Америка. Вие треба да учите. Оние од 27 април кои гнијат повеќе од шест години во затвор се ваше дело, вие ги злоупотребивте за да сеете страв меѓу народот, за никој да не смее да ви дигне глас“, рече Стојановска.

На ова реплицираше координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

„Како не ви е срам? Што требаше да се случи? Некој да биде убиен за да го спасите оној што побегна во гепек? За да се спасите од одговорност за криминалот и корупција со кои ја ограбивте оваа држава? Како не ви е срам да ги искористите луѓето и да ги фрлите на улица и уште да глумите дека се борите за нив?“, рече Митрески кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

По 27 април пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, според него, доаѓале да се извинуваат кај него во канцеларија, велејќи дека не знаеле што ќе се случува тој ден, а денес се силат од говорницата.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена