Вести
Обвинувања и реакции на релација нова – стара локална власт

Новото општинско раководство на Гостивар во првиот ден од преземањето на локалната власт преку соопштение посочи дека претходниот градоначалник Невзат Бејта ја оставил општината со околу 1,6 милиони евра долг и дека не оставил пари во општинската каса за плати на вработените.
– Откако изгуби на локалните избори и се поздрави со општинските службеници, Невзат Бејта ја испразни општинската каса, не оставајќи средства за плати на вработените. Три дена после вториот изборен круг, на 30, 31 октомври и 1 ноември, Општина Гостивар, по негова наредба изврши трансакции со вкупна вредност од 6.774.276,00 денари, односно околу 111.053 евра. Со овие средства, чиј износ е доволен за исплата на плати на вработените и за тековни расходи, главно им се раздолжил на фирми блиски со него, се наведува во соопштението од општината од каде потенцираат дека имаат проценки за долг од над 1,6 милиони евра, а ревизијата ќе ја покаже конечната бројка.
На обвинувањата Бејта се јави со реакција дека парите исплатени на фирмите биле по законски тендерски основи за извршени работи. „Што се однесува за долгот, нормално е општината да должи бидејќи исплатите во рамки на буџетот се вршат според планирања. Добро е што Таравари излезе со сумата за долгот, затоа што во кампањата ги лажеше граѓаните дека имаме долг од 10 милиони евра. Јас во мојот мандат ги исплатив сите плати на вработените до последниот месец. Сега тој е градоначалник и треба да се погрижи администрацијата да си ја добива платата редовно“, вели во својата реакција поранешниот градоначалник.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!