Македонија
Од 1 јули децата ќе може да се вакцинираат против пневмокок и рота вирус
На последната седница на Владата, беше прифатена Информацијата за прогресот на активностите во реализацијата на Акцискиот план за воведување на вакцинација за заштита од пневмокок и рота вирус. Со одлуката, во текот на овој месец до службите за имунизација ќе бидат дистрибуирани по 90 илјади дози од двете вакцини.
Ова значи дека од 1 јули, родителите коишто сакаат нивното дете да прими некоја од вакцините, ќе имаат можност за тоа. Според светската здравствена организација, вакцината против Streptococcus pneumoniae ги штити децата од тешки заболувања, како пневмонија, отитис и менингит. Со воведување на вакцинацијата против Rotavirus, смета СЗО, децата ќе бидат заштитени од тешка форма на дијареи, како и од компликациите предизвикани од истите, се наведува во соопштението од Владата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар