Вести
Од 18 март граѓаните ќе можат да си докупат стаж за пензија – Еден месец е 1.400 денари
Законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, откако беше донесен во Собранието, објавен е и во Службен весник. Тоа значи дека лицата кои наполниле 65 години, а немаат 15 години работен стаж поради неплатени придонеси, односно биле во редовен работен однос и биле пријавени во задолжителното социјално осигурување, а обврзникот за пресметка и плаќање на придонес не го платил придонесот за пензиско и инвалидско осигурување. ќе можат да ги откупат тие години од стажот за да добијат старосна пензија.
Законот дава можност осигуреникот да може самиот за себе да изврши плаќање на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување.
Основицата за пресметка и плаќање на придонесот изнесува 20% од просечната плата за претходната година од годината во која е поднесено барањето за плаќање на придонес за пензиско и инвалидско осигурување, објавена од Државниот завод за статистика. Според ова граѓаните кои ќе поднесат барање годинава, еден месец стаж ќе може да го купат за околу 1.400 денари.
Плаќањето на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување може да го извршат и членовите на семејството заради остварување право на семејна пензија.
Овој закон стапува во сила на 18 февруари 2020 година, а ќе започне да се применува по еден месец, односно од 18 март 2020 година, бидејќи во рок од 30 дена Министерството за труд и социјална политика, треба да ја дефинира формата и содржината на барањето.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар