Поврзи се со нас

Гостивар

Од 3.859 ковид тестирани во земјава изминато деноноќие, 449 позитивни

Објавено

на

Во изминатите 24 часа од направени 3.859 тестирања регистрирани се 449 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 317 пациенти, а починати се 12 лица од кои едно починато лице е со датум на смрт од 16 ноември, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новозаразените 195 се од Скопје по што следи Битола со 47, Прилеп – 19, Кавадарци – 18,Берово – 17, Куманово – 16, Кочани – 15, Велес и Штип – по 13, Гевгелија – 12, Делчево – 11, Охрид – 10, Струмица – 8, Неготино – 7, Валандово – 6, Тетово, Радовиш и Ресен – по 5, Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар – по 4, Кичево и Богданци – по 3, Струга, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2, Пробиштип, Демир Капија и Пехчево – по 1.

•Од Скопје се и најголем број оздравени пациенти – 125, по што следи Берово со 26, Кавадарци – 24, Велес – 19, Битола – 15, Прилеп – 13, Штип и Гевгелија – по 10, Неготино и Кратово – по 9, Кочани – 8, Валандово и Тетово – по 6, Крива Паланка, Куманово и Струга – по 5, Струмица, Богданци и Пехчево – по 4, Делчево и Охрид – по 3, Крушево – 2, Пробиштип и Виница – по 1.

•Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11починати лица од кои четворица  се од Скопје (69г, 76г, 81г и 89г), Прилеп – 2 (65г и 82г), и по едно починато лице од Тетово (74г), Битола (72г), Охрид (33г), Виница (66г), и Демир Хисар (81г). Сите лица се починати во болнички услови. Најмладото 33 годишно починато лице, било со дијагноза дијабет тип 2, и не земало соодветна терапија. Примено е во болница во тешка состојба.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од МојТермин, е пријавено едно починато лице со датум на смрт од 16.11.2021. Лицето е од Кавадарци и е починато во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.446.403 тестирањана Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 211.831,бројот на оздравени пациенти е 195.941, на починати е 7.418, а бројот на активни случаи изнесува 8.472 од кои најголемиот дел се од главниот град

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена