Гостивар
Од 9 хоспитализирани на инфективно во Гостивар, само 1 пациент е со ковид
Граѓани со цревни инфекции, бронхит и пневмонија периодов се најчестите пациенти кои болнички се лекуваат на инфективното одделение во Гостивар. За разлика од порано, кога креветите се полнеа со ковид позитивни, сега и од малкуте кои се заразуваат, ретко кој има потреба од хоспитализација. Од вкупно 9 пациенти на болничко лекување на инфективно, само еден пациент има ковид.
„На инфективното одделение е релативно мирно. Се јавуваат повремено амбулантски случаи кои се позитивни на ковид и се со лесна клиничка слика. Последно време почнавме да примаме и пациенти со цревни инфекции, и респираторни инфекции, односно бронхит и пневмонија. Моментално имаме 9 пациенти на одделение, кои се во реалтивно добра здравствена состојба, а од нив само една пациентка е со ковид, има висока седиментација и заради тоа е примена на одделение, останатите се со други заболувања.“, информира раководителот на одделението д-р Ратко Наумоски, напоменувајќи дека подолго време во Гостивар немало случај со смртни последици од ковид.
Состојбата со коронавирус е стабилна и на државно ниво, а процентот на новозаразени има тенденција на опаѓање. Во последните 24 часа направени се 665 тестови, а регистрирани се 32 нови случаи, нема починати, а оздравеле 12 лица.
Од новооткриените случаи, 28 се во Скопје и по еден во Битола, Куманово, Прилеп и Велес.
Гостивар има само четири активно заразени со коронавирус.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди