Поврзи се со нас

Македонија

Од брендирана облека, витамини за миленици до делови за возила-Обиди за шверцување на границите

Објавено

на

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока. Спречени обиди за криумчарење облека и парфеми со потписи на познати трговски марки, суплементи за миленици.

– 636 парчиња облека со ознаки на заштитени трговски марки се откриени од мобилен царински тим, при контрола на камион со македонски регистарски таблички натоварен со стока со потекло од Турција. Случајот е откриен при длабинска контрола на товарно моторно возило извршена во царинскиот терминал Скопје 4.
– 4,32 килограми и 1.17 литри (75 пакувања) разни суплементи за домашни миленици (Multivit, Ascoraid, Petimmun Plus, Dentalcare, O2 Care Plus, Milk Thistle, Retino – A Plus, Derma Zn, Bladdercontrol и други), се откриени од мобилен царински тим при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички на влез во државата на граничен премин Блаце.
20 инјекции за домашни животни ENZAPROSТ T од 50ml, се откриени од страна на Службата за мобилни скенери, при контрола на камион на влез во државата на граничен премин Табановце. Инјекциите се пронајдени на креветот во кабината на камионот.

– 16 парфеми Versace, Paco Rabanne, Cacharel, Calvin Klein и други, се откриени од царински службеници на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на патни торби на турски државјанин кој допатувал со лет од Турција.

Во пет случаи запленети се делови за автомобили во вкупна вредност од над 200 илјади денари откриени од царински мобилни тимови и царински службеници, од кои во два случаи во соработка со МВР.

– Три комплети глава за мотор со вентили и работилка и две коленести вратила за патнички возила се откриени од страна на царински мобилен тим при контрола на автобус управуван од македонски државјанин на граничен премин Табановце.

– Во два случаи мобилни тимови запленија 20 комплети употребувани алуминиумски и челични бандажи со гуми. Случаите се откриени во соработка со Министерството за внатрешни работи, по извршена контрола на  камиони на патниот правец Табановце – Куманово.

– Царински службеници во царинска испостава Ново Село  при контрола на товарно возило и приколка пријавени за увозно царинење открија бандажи и гуми за патнички возила, кои не биле опфатени со царинските документи.

– Во друг случај царинските службеници на влез на граничен премин Ново Село спречија криумчарење на 164 парчиња разна стока меѓу којашто и автоделови, облека, алати, козметика, средства за лична хигиена и друго. Непријавените производи се пронајдени во просторот за палети на камион со бугарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин.

Мобилен царински тим заплени 39 комплети машки тренерки откако истите се пронајдени во патните торби на македонски државјанин, при контрола на автобус на  влез во државата на граничниот премин Богородица.

Сподели ја веста:
Advertisement
Македонијапред 3 часа

МВР за пожарот во Кочани: Осомничени над 20 лица, фирмата немала легална лиценца

Македонијапред 6 часа

Седумдневна жалост во Македонија за трагедијата во Кочани

Македонијапред 7 часа

Централна потерница за 4 лица во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, увидот сѐ уште трае

Македонијапред 8 часа

Над 150 млади лица повредени во пожарот во Кочани хоспитализирани во болниците низ земјава

Македонијапред 10 часа

Голема трагедија-51 лице загина во пожар во дискотека во Кочани, стотина се повредени

Здравје и убавинапред 22 часа

Вежба „4-7-8“ против несоница

Светпред 23 часа

Илјадници демонстранти на улиците во Белград: Студентски протести против корупцијата и неефикасноста на владата

Вестипред 1 ден

Извлечени се лицата чиј чамец се преврте во Мавровско Езеро

Гостиварпред 1 ден

Се превртел чамец со две лица во Мавровско Езеро, во тек е спасувачка акција

Гостиварпред 4 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 2 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Македонијапред 4 недели

Се крои нова листа на работни места со бенифициран стаж

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена