Македонија
Од денес исплата на Мој ДДВ за првото тримесечје

Од денеска треба да почне исплатата на „Мој ДДВ“ за првото тримесечје од годинава со зголемен лимит до две илјади и сто денари.
Средствата што треба да се вратат кај граѓаните во првото тримесечје се проценуваат на околу 10 милиони евра.
Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска вчера во интервју за емисијата „Утрински печат“ изјави дека средствата се обезбедени во Буџетот.
„Средствата што треба да се вратат преку оваа мерка за првото тримесечје се околу 10 милиони евра и тие средства се предвидени во буџетот. Ќе инсистирам секој почеток на тековна година да расте лимитот за поврат на ДДВ на физички лица“, рече Лукаревска.
На предлог на Министерството за финансии, Владата на 27 декември лани го утврди Предлог-текстот на законот со кој лимитот за поврат на ДДВ се зголемува од илјада и осумстотини на две илјади и сто денари.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение