Гостивар
Од денес комплетно затворање на патот Маврови Анови-Жировница
Автомото сојузот на Македонија информира дека почнувајќи од денес (14 јуни) од 10 до 16 часот, во наредните 45 дена ќе се воспостави времен режим на сообраќај за фаза асфалтирање за објект Рехабилитација на Регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница. Поточно, во овој период ќе има комплетно затворање на патот Маврови Анови – Жировница во делот од брана Маврови Анови до Ресторан Трница.
Изведувањето на градежните активности ги изведува Друштво за градежништво Пелагонија АД, Гостивар.
Јавното претпријатие за државни патишта отпочна со целосна рехабилитација на делницата Маврови Анови-Жировница во должина од 18,46 км, инвестиција вредна 6,18 милиони евра. Трасата на оваа делница всушност е продолжение на веќе рехабилитираната делница Бунец–Маврови Анови.
Со проектот за рехабилитација на Маврови Анови-Жировница предвидено е да се изведат повеќе градежни зафати како што е нова коловозна конструкција, санација на осумте мостови и изведба на нови потпорни ѕидови.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар