Поврзи се со нас

Македонија

Од денес пријавување кандидати за советници во Општина Тетово

Објавено

на

Од денеска почнува рокот за пријавување на сите заинтересирани учесници на изборите за Советот на Општина Тетово и согласно роковниот, ќе трае 15 дена, заклучно со 14 јули, во подрачното одделение на ДИК во Општина Тетово.

Како што информираше на денешната седница членот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, значаен рок за учесниците на изборите е 15 јули, кога е всушност крајниот рок за доставување на листи на кандидати на сите политички партии или независни листи на кандидати преку собирање на потписи.

Во врска со изборите во општините Маврово и Центар Жупа, од ДИК уште еднаш потсетија дека уште трае јавниот увид.

-Увидот е започнат е на 25 јуни и ќе трае до 14 јули, значи 20 дена. Собирањето на потписи пак, за предлагање на листи на кандидати е започнато на 20 јуни, и ќе трае до наредната недела, до 4 јули, исто во подрачните одделенија на ДИК во Гостивар, за Маврово и за Центар Жупа, додаде Кондарко на денешната седница.

Претходно, на владина седница на 14 јуни беше донесено решение за распуштање на Советот на Општина Тетово согласно исполнувањето на еден од условите во членот 75 од Законот за локална самоуправа, според кој општинските совети ќе бидат распуштени доколку не ја донесат завршната сметка и Буџетот до 31 март како што е предвидено со законската одредба.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери согласно своите уставни надлежности на 21 јуни распиша избори за членови на Советот на Општина Тетово

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена